Димитар Поп-Георгиев Беровски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Димитар Поп-Георгиев Беровски | |
---|---|
македонски револуционер
|
|
Роден | 1840 Берово, Република Македонија |
Починал | 1907 краj Долна Граштица, Бугарија) |
Димитар Поп-Георгиев Беровски е македонски национален револуционер (Берово, 1840 - Долна Граштица, Ќустендилска околија, Бугарија, 1907). Учел духовна семинарија во Одеса во 1858, но морал да ја напушти поради својот бунтовен карактер. Преминал во Србија во 1861, каде ја завршил белградската воена школа. Враќајќи се дома, служел како учител. Зел видно учество во борбите против грчките владици во Македонија. Од 1875 целосно се посветил на револуционерна работа и ослободувањето на Македонија од турското ропство. Истата година во Солун формира кружок на заговорници-истомисленици, а во 1876 во Малешевско го организирал и раководел со Разловечкото востание , подоцна задушено од Турците. По деветгодишно крстосување со четата во 1878 година го подигнал Кресненското (Македонското) востание кое имало за цел да се прошири на целата територија на Македонија и имало јасен и силен македонски национален карактер. Кога и ова востание не успеало, Димитар Поп-Георгиев Беровски се префрла во Бугарија која тогаш веќе била ослободена и оттаму ги помага акциите за ослободувањето на Македонија.