Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions Зигмунд Фројд - Википедија

Зигмунд Фројд

Од Википедија, слободна енциклопедија

Сигисмунд Шломо Фројд
Зголеми
Сигисмунд Шломо Фројд

Зигмунд Фројд (германски: Sigmund Freud) (6 мај 1865 - 23 септември 1939) е австриски невролог и основач на психоаналитичката школа во психологијата. Теориите карактеристични за оваа школа генерално ги вклучуваат хипотезите дека;

  1. развитокот на луѓето генерално се објаснува преку менување на сексуалните објекти,
  2. психичкиот апарат генерално ги репресира желбите, кои се обично од сексуална или од агресивна природа, и кои се зачувуваат во еден или повеќе несвесни системи на идеи,
  3. несвесните конфликти предизвикани од репресираните желби имаат тенденција да се манифестираат себеси во соновите, парапракси ("Freudian Slips") и симптоми,
  4. несвесните конфликти се изворот за неврозите и
  5. неврозите може да се лечат со донесување во свеста на несвесните желби и репресираните мемории во психоаналитички третман.

Зигмунд Фројд често се смета за таткото на психоанализата и може да се смета за зачетник на модерната психологија.

[уреди] Живот

Зигисмунд Шломо Фројд е роден во ашкенашка еврејска фамилија во Фрајберг (Прибор), Моравија во тогашното Австриско царство (сега во Чешка). Во 1877 г, на возраст од 21 г. тој си го сменил даденото име во Сигмунд. Иако бил првороден од неговите 3 браќа и 5 сестри меѓу децата на неговата мајка, Сигмунд имал постари полубраќа од претходниот брак на татко му. Неговата фамилија имала ограничени финансии и живеела во преполн стан, но неговите родители се труделе да го зајакнат неговиот интелект, што било очевидно уште од неговата рана возраст. Сигмунд бил оценуван со прво место во неговиот клас во шест од осумте години од основното училиште. Тој отишол да студира на Универзитетот во Виена, и покрај силното антисемитско расположение во Австрија.

Се на се, многу малку се знае за раниот живот на Фројд, бидејќи тој ги има уништено своите лични документи и пишувања барем двапати, еднаш во 1885 г. и уште еднаш во 1907 г. Исто така, неговите документи и пишувања по овие случки се строго чувани од Архивите на Сигмунд Фројд и се достапни само на неговиот официјален биограф Ернест Џонс и на уште неколку други членови од внатрешниот круг на психоанализата.

Во 1886 г. Фројд се враќа во Виена и, по отворањето на приватна ординација која била специјализирана за нервни и мозочки пореметувања, се жени. Експериментира со хипноза со неговите најхистерични и невротични пациенти, но на крајот се откажува од овој третман. Наоѓа дека може да ги натера своите пациенти да проговорат на кауч и да ги охрабри да кажат се што им доаѓа при ум (третман наречен слободна асоцијација).

Во неговите четириесетти, Фројд „има бројни психосоматски заболувања како и преголем страв од смртта и други фобии“ (Кури, 2001, стр. 67(англиско издание)). За ова време Фројд е вклучен во задачата на истражување на сопствените сонови, мемории и динамиката на развитокот на неговата личност. Низ само-анализата, тој го осознал непријателството кој тој го имал кон својот татко (Јакоб Фројд), и „тој исто така се сетил на своите детски сексуални тенденции кон својата мајка (Амалија Фројд), која била топла, привлечна и заштитнички настроена“ (Кури, 2001, стр. 67). Кури смета дека овој период е најпродуктивниот период од Фројдовата кариера.

По издавањето на успешни книги за несвесниот ум во 1900 и 1901 г. тој бил назначен за професор на Универзитетот во Виена од каде почнало да се развива лојално негово следбеништво.

Фројд имал малку толеранција за колегите кои бегале од неговата теорија. Тој се обидувал да ги избрка тие кои не се согласувале со неговото движење или дури и воопшто не пристанувал да прифати конкретни централни аспекти од неговата теорија (Кури, 2001). Највоочливите примери се Карл Јунг и Вилхелм Рајх. Фројд напишал акутен напад кон Јунг и Алфред Адлер во неговиот текст наречен „За историјата на Психоаналитичкото движење“.

Во 1930 г. градот Франкфурт го награди со Гетеовата награда за неговите придонеси во психологијата. Во истата година неговата мајка умира на возраст од 95 г. Во 1933 г. поради превземањето на моќта во Германија од страна на Хитлер и нацистите, неговите книги се изгорени од страната на С.А.

По Аншлусот на Австрија од германските нацисти, Фроjд бега од Австрија со помош на финансиската помош од неговата пациентка и пријателка, принцезата Марија Бонапарта. Во јуни 1938 г. му е дозволено да ја премине францската граница и преку Париз патува до Лондон, Англија, каде што живее на Мерсфилд Гарденс бр. 20, што е сега Музејот на Фројд. Додека ја напушта Германија, тој е задолжен да потпише документ кој вели дека бил добро третиран од нацистите.

Во Англија желбата на Фројд да биде препознат од општеството како важен научник делумно се остварува.

Фројд пуши цигари целиот свој живот. И покрај тоа што му ја отстрануваат вилицата поради малигнен тумор, тој продолжува да пуши до неговата смрт на 3 септември 1939 г. Поради преголемите болки од ракот, тој му кажува на својот доктор да го усмрти со преголема доза на морфиум во неговата крв.

[уреди] Позначајни дела

  • Толкување на соништата (1900)
  • Психопатологија на секојдневниот живот (1901)
  • Три есеи за теоријата на сексуалноста (1905)
  • Тотем и табу (1913)
  • За нарцизмот (1914)
  • Отаде принципот на задоволството (1920)
  • Егото и идот (1923)
  • Иднината на една илузија (1927)
  • Неугодното во културата (1929)
  • Мојсеј и монотеизмот (1939)

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu