Дејвид Линч
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дејвид Линч | |
---|---|
Дејвид Линч на фестивалот во Кан во 2001.
|
|
Роден | 20 јануари, 1946 Мисула, Монтана, САД |
Занимање | Актер, режисер и сценарист. |
Дејвид Кит Линч (англиски: David Keith Lynch) (роден на 20 јануари, 1946 год. во Мисула, Монтана, САД) е американски режисер, актер и сценарист.
Филмовите на Линч се познати по нивните елементи на надреализам, нивните кошмарни и сонливи секвенци, нивната силна и чудна фотографија, и педантно направената музика. Често неговите дела го истражуваат излитеното дно на малите американски градови (на пример, Син сомот и Твин Пикс) или брзоширечките метрополи (Изгубениот автопат, Мулхоланд Драјв). Поради неговиот невообичаен стил и фокусот на американската психа, комичарот Мел Брукс еднаш го нарекол Линч „Џими Стјуарт од Марс“.
За време на долгата кариера, Линч развил конзистентен пристап кон приказната и визуелниот стил и станал препознатлив за светската публика. Иако неговите филмови не се блокбастери, тој е постојан фаворит меѓу филмските критичари и околу него веќе е изграден култ.