Статистика
Од Википедија, слободна енциклопедија
Статистика е наука и практика што се занимава со развивање на човечкотo знаење низ користење на емпириски знаења искажани во квантитативна форма. Статистичката теорија е гранка на применета математика. Во рамките на статистичката теорија, случајност и несигурност се моделираат според теорија на веројатност. Затоа што една цел на статистиката како наука е да произведе „најдобра“ информација од понудените податоци, некои автори ја сметаат за гранка на теорија на одлучување. Статистичката пракса вклучува планирање, сумаризирање и интерпретирање на набљудувања, дозволувајќи за разновидност и несигурност.