Саксонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Слободна Држава Саксонија Freistaat Sachsen Swobodny Stata Sakska |
|
---|---|
Државно знаме | |
Цивилно знаме | |
Статистика | |
Главен град: | Дрезден |
Површина: | 18,413 km² |
Жители: | 4,300,000 (2004) |
Густина на насел.: | 234 жит./km² |
Веб-сајт: | sachsen.de |
ISO 3166-2: | DE-SN |
Политика | |
Премиер: | Георг Милбрат (ХДУ) |
Владеачка партија: | ХДУ/СПД |
Мапа | |
Слободната Држава Саксонија (германски: Freistaat Sachsen; лужичкосрпски: Swobodny Stata Sakska) е копнена површина со 18,413 km² и 4.3 милиони жители, со што таа е десеттата најголема по површина и шеста по население меѓу германските сојузни држави. Повторно воспоставена по германското реобединување во 1990 и ја зафаќа зафаќа приближната површина на поранешното Кралство Саксонија (до 1918 година).
Главен град на Саксонија е Дрезден. Други поголеми градови се Лајпциг и Кемниц.
За време на раниот Среден Век, терминот Саксонија се однесувал на регионот кој го зафаќаат денешните држави Долна Саксонија и Северна Рајна-Вестфалија. Саксонците мигрирале таму од денешната германска држава Шлезвиг-Холштајн меѓу 250 и 500 година.
Саксонија неможе директно да се поврзува со секое друго значење на "Саксонци"; односно Саксонец не е само жител на Саксонија (има и Англо-Саксонци и Романски Саксонци).
Содржина |
[уреди] Географија
Саксонија се граничи (од исток спрема стрелките на часовникот) со Полска, Чешка и германските држави Баварија, Тирингија, Саксонија-Анхалт и Бранденбург. Нејзиниот главен град е Дрезден. Од 1989, населението на државата во нејзините урбани центри било намалено како резултат на миграцијата во поранешна Западна Германија.
Главна оска на Саксонија е реката Елба, која поминува од југоисток до северозапад. Друга важна река, западно од Елба, е реката Мулде. Реката Ниса, пак, ја формира полската граница. Деловите источно од Саксонија се јужните делови на историскиот регион Лужица (Lausitz) и се нарекуваат Горна Лужица. Во овој регион живее малцинството Лужички Срби. Лужица е двојазичен регион.
Теренот се издигнува постепено од север кон југ, а кулминира во планинските венци на чешката граница. Оре Планините (Erzgebirge) се протегаат од Баварија до Елба. На исток постојат ридести предели познати како Лужички Бергланд.
[уреди] Административна поделба
Саксонија е поделена во три региони: Кемниц, Дрезден и Лајпциг, кои се поделени на 22 области:
|
|
|
Има и седум независни градови кои не припаѓаат на ниту една област:
- Кемниц (C)
- Дрезден (DD)
- Гурлиц (GR) (не припаѓал на Саксонија од 1815 до 1945)
- Хојерсверда (HY) (одлучено да припадне на Саксонија во 1990)
- Лајпциг (L)
- Плауен (PL)
- Цвикау (Z)
[уреди] Економија
Саксонија има една од најизменичните економии од поранешните ГДР држави. Нејзината економија пораснала за 2.1% во 2004, со што постанала единствена источна држава што го надминува националниот просек. Како и да е, невработеноста е сеуште проблем. Поради ова, Саксонија (заедно со остатокот од истокот, без Берлин, се квалифицира како "точка 1" регион за развој во Европската Унија и како резултат на ова може да има економски пораст до 30% до 2013 година. Во интерес на развојот на секакво поле, владата одлучи да го развива туризмот во регионот, особено во Лужица (Извор: Economist, 27 авг., 2005)
[уреди] Надворешни врски
|
|||
Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн |