Раде Јовчевски - Корчагин
Од Википедија, слободна енциклопедија
Раде Јовчевски - Корчагин (Скопје, 14 август 1919 - 20 февруари 1943) е народен херој на Македонија. Убиен е во борба со бугарската полиција во една од тесните улички на Маџир Маало. Раде Јовчевски - Корчагин заедно со Орце Николов, Дане Крапчев и уште неколку постари Македонски комунисти од Скопје се основоположници на народноослободителното, работничкото и комунистичкото движење во градот и земјата.