Петар Гошев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Петар Гошев (роден 1948 во с. Пирава, Валандово) е гувернер на Народната банка на Македонија.
Завршил Економски факултет, магистер по економски науки. Работел како економист во Фабриката за автобуси "11 Октомври" Скопје. Бил економски советник во Синдикатот на Македонија, а извесен период и шеф на Кабинетот на претседателот на Синдикатот на Македонија.
Од 1984 до 1988 е член на Претседателството на ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија. Во 1989 е избран за претседател на СКМ и на таа функција останува до 1991 година. Бил и шеф на делегацијата на Собранието на СРМ во Собранието на СФРЈ.
Поради несогласици со новото раководство на СДСМ, Гошев во 1993 се отцепува од партијата и ја формира Демократската партија. При тоа е избран за нејзин претседател. Од 1997, со обединувањето на Демократската и Либералната партија, станува претседател на Либерално демократската партија. Претседател на ЛДП е до 1999 година, кога поради неуспехот на партијата на парламентарните избори во 1998 година, поднесува оставка.