Оклендски Универзитет
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
|
Мото | Ingenio et labore (Со природна способност и труд) |
---|---|
Основан | 1883 |
Тип | Државен |
Канцелар | Хју Флечер |
Вице-канцелар | Стјуарт МекКачен |
Студенти | 39,420 |
Постдипломци | 6,000 |
Локација | Окленд, Нов Зеланд |
Афилијации | Universitas 21, AMBA, EQUIS, AACSB |
Веб-сајт | www.auckland.ac.nz |
Оклендскиот Универзитет (англиски: The University of Auckland, маорски: Te Whare Wānanga o Tāmaki Makaurau) е најголемиот и најуспешниот истражувачки универзитет во Нов Зеланд. Основан е во 1883 како составен колеџ на Универзитетот на Нов Зеланд. Денес има осум факултети на преку 6 кампуси, и повеќе од 39,000 студенти (април 2006). [1]
Универзитетот нуди разни програми за струки како Хуманитарни науки, Бизнис, Образование, Музика, Педагогија и образование за посебни потреби, Архитектура, Планирање, Медицинска нега, Креативни и репродуктивни уметности, Теолофија, Наука, Информациски менаџмент, Инженерство, Медицина, Оптометрија, Домаќинство и винска наука, Недвижнини, Право, Фина и ликовна уметност и Фармација.
Исто така универзитетот нуди двојни струки, со преку 35 комбинации. Овие им овозможуваат на студентите да се стекнат со две струки во пократко време.
Во 2004 на Оклендскиот Универзитет се запишале над 1300 кандидати за докторски студии.
Содржина |
[уреди] Локации
Градскиот кампус, во центарот на Окленд, го содржи најдолемиот број на. Зафаќа површина од 160,000 м².
Кампусот во Тамаки, основан во 1991 зафаќа површина од 320,000 м² во населбата Глен Инс, 12 км од градскиот кампус. Тука се нудат струки од здравството, спорт, животната околина, енологијата и информатиката, како и комуникации и елестроника, материјали и изработка, храна и биотехнологија и иформациски менаџмент.
Кампусот за медицина и здравство е основан во 1968 и се наоѓа близу градскиот кампус во населбата Графтон, спроти Оклендската болница. Тука се факултетите за Медицински и здравствени науки, Фармацевската школа и Одделот за оптометрија.
Кампусот на Цеверниот Брег, основан во 2001, се наоѓа во населбата Такапуна. Нуди дипломи за Бизнис и Информациски менаџмент.
На 1 септември 2004, Окелднскиот Образовен Колеџ се припоил кон универзитетот формирајќи го најновиот факултет. Тој се наоѓа во населбата Епсом со додатен кампус во градот Фангареи.
[уреди] Факултети
- Хуманитарни науки [2]
- Бизнис и економика[3]
- Креативни уметности и индустрии[4]
- Образование[5]
- Инженерство[6]
- Право[7]
- Медицински и здравствени науки[8]
- Наука[9]
[уреди] Школи вон факултети
- Теологија[10]
[уреди] Здружение на студенти на Оклендскиот Универзитет
- Главна статија: Здружение на Студенти на Оклендскиот Универзитет
Здружението на Студентите на Оклендскиот Универзитет (Auckland University Students' Association или AUSA) ги претставува студентите на универзитетот. Тоа е гласник за прашањата и проблемите на студентите, администратор на студентските места, и организира универзитетски клубови и друштва. Ова здружение исто така го издава студентскиот весинк Кракум и ја држи радио станицата bFM.
[уреди] Околни градски знаменитости
[уреди] Надворешни врски
- Универзитетскиот веб-сајт (англиски)
- Алумни и пријатели (англиски)
- Здружение на Студенти на Оклендскиот Универзитет (AUSA) (англиски)
- Кракум (Craccum) (англиски)
- 95bFM (англиски)
Окледнски Технолошки Универзитет | Универзитет Линколн | Универзитет Масеј | Оклендски Универзитет | Кантербуршки Универзитет | Отагски Универзитет | Ваикатски Универзитет | Велингтонски Универзитет Викторија