Мајка Тереза
Од Википедија, слободна енциклопедија
[уреди] Животот во Скопје
Мајка Тереза е родена во Влашко Маало во Скопје на 26 август 1910 година под името Агнеза Гонџа Бојаџиу. Израснала во добро ситуирано влашко-албанско католичко семејство. Од своите родители била воспитувана мошне религиозно. На возраст од десет години нејзиниот татко ненадејно починал. Уште на возраст од 12 години таа се одлучила да живее како калуѓерка.
[уреди] Мисионерска работа
Во 1928 година заминува од родниот град и преку Даблин оди вo Бенгал и Калкута во Индија. По само два месеца таа си ја исполнува својата желба и се приклучува кон редот Лорето во Бенгал. Во Калкута ја дава својата прва заклетва. Потоа е активна 17 години во училиштето St. Mary's School во Калкута. Најпрво како наставничка, а потоа унапредена во директор.
На едно од бројните патувања низ милионскиот град Калкута таа во 1946 год. го почувствува Божјиот повик да им помага на сиромашните. Дури две години подоцна добива дозвола да го напушти редот. Тереза била ексклаузирана, односно значи можеше да го напушти редот без притоа да се откаже од својот статус на калуѓерка. Оттогаш Тереза живее со најсиромашните во предградијата на Калкута. Еден нејзин портрет во магазинот LIFE, кој стана славен, и го даде прекарот "Saint of the Gutters". Оттогаш, секаде и секогаш таа се именува со Исус, ширејќи ја својата молитвена порака дека „Светот не е гладен само за леб, туку уште повеќе за љубов“. Како основач на редот Мисионери на милосрдието, се посветила на добротворна работа помагајќи им на болните и сиромашните луѓе, поради што во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир.
Во 1949 год. самата стана Индијка и во 1950 год. го основаше редот „Мисионерки на љубовта кон ближниот“. Членовите на овој редот мораа да се обврзат на несклучување брак, на сиромаштија и послушност. Подоцна овој ред беше признат од страна на папата и беше под негова контрола. Тереза со редот посебно се грижеше за лица што беа пред смрт, сирачиња и болни. Нивниот посебен ангажман, сепак, беше грижата за болните од лепра. Денес редот на Мајка Тереза брои преку 3000 сестри и преку 500 браќа во повеќе од 100 земји од светот. За нејзиното несебично дело таа доби голем број награди. Најзначајна, без сомнение, беше Нобеловата награда за мир од 1979 год. Говорот на Мајка Тереза по повод добивањето на Нобеловата награда
На честопати големиот недостаток на медицинско образование на своите соработници Мајка Тереза милувала да одврати со: „Не успехот, туку верноста во верата е важна.“ Покрај признанието од целиот свет за нејзината работа, нејзиното конзервативно убедување било критикувано. Така, во политиката на абортирање на многу земји таа го гледала „најголемото загрозување за мирот во светот“. Кога во Ирска требало да се гласа за тоа дали одлуката треба да се легализира, таа ги повикала Ирците да гласаат со „Не“.
Наредната година таа е прогласена за почесен граѓанин на нејзиниот роден град Скопје, кој од своето заминување во божја и хуманитарна мисија за помош на гладните и осамените, го посетила четири пати - во 1970, 1978, 1980 и во 1986 година.
Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година во Калкута.
Папата Јован Павле Втори процедурата на беатификацијата ја покрена една година по нејзината смрт, наместо како што е вообичаено, по пет години.
По беатифијацијата на Мајка Тереза, што на 19 октомври 2003 ја изврши Папата, неа ќе ја дели уште едно чудо до прогласувањето за светица.