Македонци во Бугарија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бидејќи според официјалниот став во Бугарија поимот Македонци не се толкува во национална смисла, во оваа земја се создава контроверзија секој пат, кога се зборува за бројот на Македонците во Бугарија. Во Бугарија доминира мислењето дека поимот Македонци има регионален смисол, а Македонците се дел од Бугарскиот народ.
Содржина |
[уреди] Потекло на Македонците во Бугарија
Македонците во Бугарија можаат да се разделат на два големи делови - автохтоно население (Македонци од Пиринска Македонија), и емиграција - политичка и економска (бегалци и потомци на бегалци од другите делови на Македонија - Вардарска и Егејска Македонија).
Емиграцијата во Бугарија се одвивала преку неколку големи бранови - од Средниот Век, во време на Преродбата, по ослободувањето на Бугарија од Турско ропство, по Илинденското востание, по Балканските и Првата светска војна, современа емиграција, како и помали бранови по помалите востанија.
Во тој број треба да се приклучаат и сите деца од мешани бракови на Македонци во Бугарија.
Во државна смисла, Бугарија ги прифаќа како Македонци само граѓаните на Република Македонија кои живеат во Бугарија (во тој број и Албанците од Македонија)
[уреди] Статистички податоци
Според државната статистика, во Бугарија на последниот попис како Македонци се изјасниле околу 5 000 (0,06%) жители на Бугарија. Но, според Бугарскиот Хелсиншки комитет, нивниот број е за неколку пати поголем. Невозможно е да се каже колкав е точниот број, особено поради фактот што различните извори даваат спротивставени податоци. Сепак, сите се согласуваат дека голем број (над два милиони, вкл. и од мешани бракови) од граѓаните на Република Бугарија се потомци на доселеници од Македонија, кои како економски емигранти или бегалци својот дом го нашле во Бугарија.
[уреди] Пописи во Пиринска Македонија
Види Пиринска Македонија
Според пописот од 1920 г. населението броело 155.598 жители. Во декември 1946 г. во Народна Република Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението. Од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 160 541 лица, односно 70 проценти се изјасниле како етнички Македонци; десет години подоцна (1956 г.) при пописот на населението во Пиринска Македонија од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862, или 63 проценти од целокупното пиринско население. Денес, Бугарија не ги прифаќа резултатите од тие пописи, со аргументи дека биле спроведувани на недемократски начин во услови на сталинизам и репресии. (Види повеќе во Историја на Пиринскиот дел на Македонија (1913 - 2005))
Во пописот од 1965 како Македонци се декларирале само 8.750 жители, а при пописот од 1975, ниту еден жител на НР Бугарија не се декларирал како Македонец. Според неофицијални податоци во 1991 г 10.803 се изјасниле како Македонци, а во 2001 - 3.117 лица.
Според пописот од 2001 г. населението на Пиринска Македонија (Благоевградска област) брои 341 173 жители. Од нив како мајчин јазик го декларирале бугарскиот 306 118 жители проценти, 19 819 жители го признале за мајчин јазик турскиот, 9 232 - ромски (цигански).
Денес Македонците во Пиринска Македонија не се признати за малцинство. Училишната настава се изведува на бугарски јазик. Постојат повеќе организации на Македонците во Пиринска Македонија - ОМО Илинден, ОМО Илинден-Пирин, ОМО Пирин, и "Сонце" организација на Македонците со муслиманска вероисповед.
Според Стојко Стојков, еден од водачите на ОМО Илинден-Пирин, во Бугарија живеат 187000 луѓе кои се декларираат како Македонци, најголемиот дел од нив живее на подрачјето на Пиринска Македонија. Тие податоци не се потврдени на пописот од 2001 година.
Попис(година) | 1920 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1991* | 2001 |
Македонци | n.a. | 160541 | 178862 | 8750 | 0 | 10803 | 3117 |
Вкупно | 155598 | 252908 | 281015 | n.a. | n.a. | n.a. | 341173 |
- неофицијални податоци
[уреди] Познати Бугари од македонско потекло
Познати бугарски државници од македонско потекло се премиерите Андреј Љапчев и Георги Димитров, министерот за здравство и внатрешни работи во прохитлеровска Бугарија за време на Втора Светска војна - Александар Станишев, основачот на БКП Димитар Благоев и други. Родум од Македонија се и писателите Димитар Талев и Венко Марковски, поетите Никола Вапцаров, Христо Смирненски и други. Денешниот премиер на Бугарија, Сергеj Станишев и претседателот на парламентот Георги Пирински, исто така имаат потекло од Егеjска Македонија.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
- Интернет издание на „Народна волја“
- Населението на Разлог - краj на ХІХ век
- Населението на Неврокопска каза - краj на ХІХ век
- Населението на Горно Џумајска каза - краj на ХІХ век
- Населението на Петричка каза - краj на ХІХ век
- Населението на Мелнишка каза - краj на ХІХ век
- Мапа на Пиринска Македонија
- Попис 1946-1950
- За пописот 1991
- Попис 2001
- Сајт на ОМО Илинден-Пирин
- The Macedonian minority in Bulgaria on the difficult way for self-determination (англиски)
- HistoryOfMacedonia.org (англиски), со мапи
- "Македонското малцинство" в Република България Антон Ж. Иванов (бугарски)
- Бугарски хелсиншки комитет за македонците во Бугарија (бугарски), го подржува македонскиот став.
- Кой фалшифицира историята? (бугарски), од Георги Радулов, го поддржува македонскиот став
- Защо бавим домашното за малцинствата?