Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Антички Македонци - Википедија

Антички Македонци

Од Википедија, слободна енциклопедија

Шеснаесет-зрачното сонце со кралската дијадема во сончевата топка - симбол на античките Македонци и античкото Македонско кралство
Зголеми
Шеснаесет-зрачното сонце со кралската дијадема во сончевата топка - симбол на античките Македонци и античкото Македонско кралство

Античките Македонци (или Древни Македонци) се древен (денес изумрен) народ од индо-европско потекло кој бил населен на територијата на Македонија и претставувал мнозинско население во нејзе. Тие зборувале на свој античко-македонски јазик кој бил различен од старо-грчкиот и бил неразбирлив за останатите народи, денес од тој јазик се зачувани многу мал број на зборови (голоси).

Содржина

[уреди] Потекло на античките Македонци

За потеклото и етногенезата на античките Македонци постојат повеќе мислења но сепак најверодостојно е мислењето дека Македонците се етнички супстрат од негрчките и индоевропски народи, чиј етнички состав го сочинувале некои среднобалкански народи и племиња, меѓу кои се вбројуваат: Бригите (Фригите), Енетите (Венетите), Пајонците, Пелагонците и други. Дел од Бригите потиснати со дорските миграции по Тројанската војна се отселува во Мала Азијa. Лингвистите забележуваат дека во јазикот на овие Бриги, во Мала Азија познати и како како Фриги (област Фригија), постои голема сродност со главнината на само стотината познати старомакедонски голоси (скромни останки од протогениот македонски јазик). Ова мислење го застапува и проф. Нада Проева и дава аргументи за тврдењето дека Македонците немаат дорско потекло, како што тврди на неколку места во својата историја, грчкиот антички писател Херодот. Како најголеми докази за нееленското потекло на Античките Македонци се сметаат фактите што тие за античките Грци биле варвари со неразбирлив јазик и познатите говори на Демостен против македонскиот император Филип II Македонски и неговиот син Александар III Македонски познати под името „Филипики“ во кои тој велел дека: Тие варвари никогаш не ќе можат да се наречат Елини....

За потеклото на името Македонци има повеќе мислења од кои најпознати се дека Македонците го добиле своето име по родоначалникот Македон кој ги обединил Македонските племиња во еден народ, дека Македонците името го добиле по значењето на зборот „македонис“ кој означува човек кој може да ги дофаќа лисјата на дрвјата бидејќи биле висок народ и по легендата за Македон синот на богот на сонцето.

[уреди] Античко - македонското кралство

Античка Македонија била монархија со која владееле повеќе разни македонски кралски династии. За прв македонски крал се смета кралот Каран, а во повеќето книги како прв крал се сретнува и Пердика за кого се вели дека направил многу повеќе отоколку сите 7 кралеви кои владееле пред него. Најголем процут и теритроијално проширување, македонското кралство, доживеало за време на владеењето на Александар Македонски и неговиот претходник татко му Филип II, кога македонското кралство се протегало на три континети од Македонија на запад, преку Персија се до Индија на исток и Египет на југ. Царството доживеало пропаст по Македонско-римските војни (215 - 148 п.н.е) кога целосно било освоено од Римската империја, а Македонија била поделена на 4 провинции под многу строг режим.

[уреди] Врски меѓу античките Македонци и денешните Македонци

Повеќе македонски и странски историчари сметаат дека античките Македонци биле дел од етногенетскиот процес на создавањето на денешниот Македонски народ кој денес носи (мал) дел од нивните обележја и навики. Овие тврдења кои се прифатени во голем дел од денешните Македонци, историчарите ги поткрепуваат со низ антрополошки, генетски, историски, ентолошки и културни докази.[1].

Голем број на Македонци во минатото (особено во времето на националната преродба кон крајот на XVIII и низ целиот XIX век) се сметале себеси за (директни) потомци на „старите Македонци“ на цар Александар, кого го сметале за Словен. Како потомци на „древните Македонци“ на славниот цар Александар, денешните Македонци се споменуваат во Историјата напишана од Ѓорѓија Пулески и во повеќе македонски народни приказни и песни.

[уреди] Потомци на античките Македонци денес

Во планинскиот масив Хиндукуш во северниот дел на Пакистан, живее мала заедница позната под името Ханзи за чии припадници се тврди дека се потомци на војници од војската на Александар Македонски кој се населиле овде за време на неговиот поход низ Азија. Ханзите воопшто немаат азијатски карактеристики и многу наликуваат на денешните жители на Балканот ([2]) поради што се смета дека се потомци на античките Македонци. За свој симбол го користат сонцето.

[уреди] Извори

  1. Потврдени во повеќе дела на авторите: Драган Ташковски, Александар Донски, Наде Проева, Јуџин Н.Борза (од САД) идр.
  2. Видливо според голем број слики и телевиски снимки од Ханзите, и според антропошки истражувања

[уреди] Видете исто така

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com