Македонско-римски војни
Од Википедија, слободна енциклопедија
Македонско-римските војни се збир од четири војни помеѓу Рим (со неговите сојузници) и Македонија.
- Прва македонско-римска војна, (215 п.н.е - 205 п.н.е) - Филип V бил во сојуз со Ханибал, Феникискиот договор ѝ става крај на војната.
- Втора македонско-римска војна, (200 п.н.е – 196 п.н.е) - Киноцефалската битка резултира со Темпејскиот договор, Филип само си го задржува кралството.
- Трета македонско-римска војна, (171 п.н.е - 168 п.н.е) - Битката кај Пидна (-168), Персеј е заробен. Рим ја дели македонија на четири марионетски републики.
- Четврта македонско-римска војна, (150 п.н.е - 148 п.н.е) - востанието на Андриск Македонски кој тврдел дека е син на Персеј - лесно поразен.
По ова, четирите републики се растуриле и Македонија станува Римска провинција Македонија.