Класична архитектура
Од Википедија, слободна енциклопедија
Историја на западната архитектура |
Неолитска архитектура |
Староегипетска архитектура |
Сумерска архитектура |
Класична архитектура |
Старогрчка архитектура |
Римска архитектура |
Византиска архитектура |
Отоманска архитектура |
Средновековна архитектура |
Романескна архитектура |
Готска архитектура |
Ренесансна архитектура |
Барокна архитектура |
Неокласична архитектура |
Џорџијанска архитектура |
Италовидна архитектура |
Грчка преродба |
Готска преродба |
Стил на кралицата Ана |
Модернистичка архитектура |
Постмодерна архитектура |
Поврзани статии |
Уредете ја оваа кутија |
Класичната архитектура се дели на:
- Старогрчка архитектура пред времето на Александар Македонски
- Хеленска архитектура
- Римска архитектура
Само грчката архитектура пред времето на Александар Македонски (кој починал во 323 п.н.е.) може да се смета за автентично етничка. Старите грци инале непоправливо лош и навредлив став кон т.н. барбарои – сите кои не биле грци. Големите освојувања на Алекнсадар значеле дека преку Македонија, грчката архитектура нашла примена и извршила влијание вез египетската, семитската, па дури и иранската култура. Иако и понатаму грците сметале дека мора да се зборува грчки за да се биде цивилизиран човек, етничката сиверсификација на хеленскиот свет била очегледна. Формалните елементи на класичната грчка архитектура се применувале на храмови на богови кои не се обожувале во Грција.
Римјаните може да се сметаат да најдоцната хеленска империја. Предцарската архитектура била помалку или повеќе етрурска со некои грчки елементи. Веќе со освојувањето на Грција во II век п.н.е., римјаните почнале да увезуваат грчки мајстори. Изразот римска уметност и римска архитектура нема никакво етничко значење поврзано со италските римјани. Речиси сите историчари на уметноста велат дека тоа всушност има етничко значи гркофонски роб или гркофонски слободен работник.
„Елементите“ на класичната архитектура се имаат применувано во радикално различни контексти од оние во кои тие се развиле. Архитектоснките редови – Дорскиот, Јонскиот и Коринтскиот – имаат значење во стилската историја во Грција од V век п.н.е., пренасочувајќи се кон промените на истата во Галија од I век н.е. и постојаното возобновување на овие стилови одтогаш па наваму.
[уреди] Видете исто така
- Листа на термини од класичната архитектура
- Архитектонски поредок
- Неокласицизам
- Архитектонски стил
[уреди] Наводи
- Sir John Summerson. The Classical Language of Architecture.