Живина
Од Википедија, слободна енциклопедија
Живина е класа на припитомени птици кои се исползуваат како храна или за нивните јајца. Овие се членови на редот кокошолики (како кокошките и мисирките), и гусколиките (водни птици како патките и гуските).
[уреди] Видови на живина
Птица | Исхрана | Див предок | Припитомување | Употреба |
---|---|---|---|---|
кокошка | семиња, инсекти, растенија | дива кокошка | Кина, ц. 3000 п.н.е. | месо, јајца |
патка | семиња, инсекти, растенија | разни | разни | месо, пердуви, јајца |
гуска | семиња, инсекти, растенија | разни | разни | месо, пердуви, јајца
|
ној | инсекти, растенија, семиња | див ној | Африка | месо, пердуви, работна сила |
мисирка | семиња, инсекти, растенија | дива мисирка | Мексико | месо |
[уреди] Отсечоци од живината
Најмеснатите делови на птицата се мускулите за летање на градите, исто така наречени гради, и мускулите за одење од првите два дела од нозете, наречени карабатак и батак односно.
Кај кокошките, мускулите за летање, кои не се адаптирани на постојана употреба, содржат помалку кислородоносен миоглобин отколку ножните мускули, и затоа се посветли по боја. Имено ова е разликата помеѓу „бело месо“ и „темно месо“. Водните птици се адаптирани на постојан лет, и затоа нивното градно месо е темно.