Жан Батист Жозеф Фурие
Од Википедија, слободна енциклопедија
Жан Батист Жозеф Фурие (21 Март, 1768 - 16 Мај, 1830) бил француски математичар и физичар кој е најпознат по неговото иницирање и истражување на фуриевите редови и нивната примена. Фуриевите трансформации се исто така именувани во негова чест.
Содржина |
[уреди] Живот
Роден во Auxerre, Франција, син на кројач. Станал сираче на возраст од осум години. На препораки од страна на бишопот, се здобива со образование во манастирот Свети Марк. Прифатил да предава математика за војскта. Имал улога во промоција на револуцијата и за тоа бил награден.
Фурие заминал со Наполеон на источните експедиции во 1798-та, и бил именуван за гувернер на Долен Египет. Пресечен од Франција од страна на Англиската флота, организирал работилници на кои Француската армија морала да се потпира на муниција за војната. Учествувал во неколку математички трудови на Египетскиот институт, кој го имал формирано Наполеон во Каиро, со цел да се намали англиското влијание на истокот. По британските победи, и француската кабитулација, Фурие се враќа во Франција, каде бил назначен за управител на Исере (Isère), каде и всушност ги извел своите експерименти за ширење на топлината.
Се сели во Париз во 1816. Во 1822 ја објавува својата Théorie analytique de la chaleur, во која ги темели своите размислувања за Њутновиот закон за ладење. Во ова дело тој тврди дека секоја функција од некоја променлива, прекината или непрекината, може да биде претставена како серија од синусо од производи на променливата. И покрај тоа што овој резултат не е точен, Фуриевите обзервации дека некој прекинати функции се сума од бесконечен ред, биле огромно откритие. Прашањето за одредување кога функцијата е сума од Фуриев ред било фундаментално ни вековите кои следеле. Жозеф Луис Лагранж има дадено примери кога оваа теорема не важи, и имплицирал дека методот е генрален, но не продолжил со работа на оваа тема. Јохан Дирихле бил првиот кој дал доволни демонстрации со некои рестриктивни услови.
Умрел во Париз во 1830.
Фурие оставил незавршено дело на одредени равенки, кое било едитирано од Клод Хавиер и издадено во 1831. Ова дело содржело доста оргинала материја - имало демонстрација на Фуриевата теорема на позицијата на корените во алгебарските равенки.
[уреди] Други дела
Фурие, исто така му било одадено признание за откривањето дека гасовите во атмосферата можат да ја зголемат температурата на Земјата. Тоа го имал пишано во есеј од 1824. Ова е ефект кој подоцна ќе биде наречен „greenhouse effect“. Имал воспоставено и концепт на планетарен баланс на енергијта. Планетите добиваат енергија од различни извори и тоа предизвикува покачување на температурата. Планетите исто така губат енергија поради инфрацрвената радијација (која Фурие ја нарекувал „црна топлина“) со однос на покачувањето на температурата. Балансот е постигнат помеѓу добивањето и губењето на топлината. И покрај тоа што Фурие го разбирал концептот на односот на инфрацрвената радијација со покачувањето на температурата, Стефан-Болцмановиот закон кој дава точна форма на оваа зависност бил откриен 50 години подоцна.
Фурие препознал дека Земјата добива енергија примарно од соларната радијација, за која, Земјината атмосфера е транспарентна, и дека геотермичката топлина не придонесува многу за балансот на енергијата. И покрај тоа, тој погрешно верувал дека радијацијата од интерпланетарниот простор има значаен придонес.
[уреди] Види исто
- Фуриев ред
- Фуриеви трансформации
- Фуриев закон
[уреди] Референци (англиски)
- Initial text from the public domain Rouse History of Mathematics
- Fourier, J.-B.J. Mémoires de l'Académie Royale des Sciences de l'Institut de France VII. 570-604 (1827) (greenhouse effect essay)
- The Project Gutenberg EBook of Biographies of Distinguished Scientific Men by Francois Arago
aaa