Демократска обнова на Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) е политичка партија со либерална ориентација во Република Македонија. ДОМ беше промовирана на 26 ноември 2005 година, а своето основачко собрание го одржа во Скопје на 28 јануари 2006 година. Тогаш за претседател на партијата беше избрана Лилјана Поповска, која по своето повлекување од Либерално демократската партија беше главниот иницијатор на ДОМ.