Весна Ацевска
Од Википедија, слободна енциклопедија
Весна Ацевска е поет, раскажувач и преведувач. Родена е на 10 ноември 1952 година во Скопје. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работела во весникот „Република“, а од 1992 година работи во Институтот за национална историја во Скопје. Член на ДПМ од 1991 година. Го препеала финскиот спев Калевала и за него ја добила наградата за препев „Григор Прличев“ за 2000 година.
[уреди] Литературно творештво
- Подготовки за претстава (поезија, 1985)
- Карпа за скок (поезија, 1991)
- Лавиринт (роман, 1992)
- Рок видри (роман, 1993)
- Скалила во зеленото (роман, 1994)
- Котва за Ное (поезија, 1994)
- Неред во огледалото (поезија, 1996)