Александар Станишев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Александар Димитров Станишев e бугарски лекар и политичар од македонско потекло.
Роден на 15 декември 1886 во Кукуш, Егеjска Македониjа. Средно училиште завршува во Солун. Студирал природна историja во Софиja (1904-1905), а потоа завршил на Медицинскиот факултет во Минхен, Германиjа (1905-1910). Работи како асистент во Универзитетската хируршка клиника во Минхен и во болници во Берн и Ландау (1910-1912). Во Балканските и Првата светска воjна учествувал како хирург во бугарски воени болници во Тракија и Македонија.
Специјализира во Хаjделберг и Минхен (1919-1920). Од 1920 година е доцент на Катедрата по клиничка хирургиjа на Медицинскиот факултет на Софискиот универзитет, а од 1923 е редовен професор на истата катедра. Основач е и прв директор на Хируршката клиника во Софиjа. Декан е на Медицинскиот факултет на Софискиот универзитет (1930-1931, 1937-1938), а подоцна - ректор на Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски" (1938-1939).
Александар Станишев e добитник на многу меѓународни признаниjа. Во 1935 година е избран за член, а во 1938 за подпретседател на Меѓународната хируршка академиjа во Женева. Од 1939 година е почесен член на Универзитетот во Хамбург, а следната година е прогласен и за почесен доктор на Берлинскиот универзитет.
Политичката деjност на Александар Станишев е поврзана со борбата за ослободувањето на Македониjа од српско и грчко ропство, со крајна цел нејзино припојување кон Бугарија, а потоа и со окупацијата на Македонија од страна на прохитлеровскиот режим на Бугарија во Втората Светска Војна. Од 1 jуни 1944 до 2 септември 1944 година е министер на внатрешните работи и здравство на Бугариjа. По промените во Бугариjа на 9 септември 1944 е осуден на смрт од Народниот суд и на 1 февруари 1945 г. е стрелан заедно со други интелектуалци поврзани со политичкиот живот на Бугариjа за време на Втората светска Војна.
Професор д-р Александар Станишев е автор на преку 50 научни дела од областа на хирургиjата на различни jазици - бугарски, германски , и др. Од обjавените на бугарски jазик наjзначаjни се: "Самостојно движење на вештачката рака. Заубербахова операција, сопствена метода и техника на протезата" (Софиjа, 1919), "Пластично обновување на горната усна преку трансплантација на долната" (Софиjа, 1924), "Лекции" (Софиjа, 1924), "Хирургиjа. Лекции" (Софиjа, 1942).
[уреди] Надворешни линкови
- Професионална биографиjа на Александар Станишев (бугарски)