Јужнословенски јазици
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јужнословенските јазици постојат како посебна група меѓу словенските јазици. Тие произлегуваат од еден претпоставен јужен прасловенски макродијалект, којшто се оформил во времето на второто разделување на прасловенскиот јазик.
Содржина |
[уреди] Општа карактеристика
Јужнословенските јазици се делат на две подгрупи: западна и источна . Источната подгрупа се карактеризира со зачувањето на (различното) звучење на еровите самогласки, а западната подгрупа - со наставка -ga во родителски падеж еднина машки и среден род на придавките и наставка –mo кај глаголите во множина прво лице .
Јужнословенските јазици имаат и неколку општи стари фонетски карактеристики од касниот период на развивање на прасловенскиот јазик, дел од кои се општи и за источнословенските јазици:
- промена на консонантните групи *dl > l и *tl > l: *radlo > ralo, pletlъ > plelъ;
- промена на консонантните групи *kv > cv и *gv > dzv пред ě2: cvětъ, dzvězda;
- промена *ch > s’ поради втора и трета палатализација: vьchь > vьsь, mouchě > mousě.
[уреди] Историски развиток
Во 11 век јужнословенските јазици се разделуваат на две подгрупи: западна и источна.
[уреди] Јужнословенски јазици
- Западни
- Босански јазик
- Хрватски јазик
- Словенечки јазик
- Српски јазик
- Источни
- Црковнословенски јазик
- Рецензии на црковнословенскиот јазик
- Среднобугарски
- Рецензии на црковнословенскиот јазик
- Бугарски јазик
- Македонски јазик
- Црковнословенски јазик
[уреди] Надворешни врски
- Андреј Н. Соболев Јужнословенските јазици во балканскиот ареал (на руски, во PDF формат)
- Фредерик Кортлант Рано дијалектно многуобразие во јужнословенските јазици (на англиски, во PDF формат)