Чикаго
Од Википедија, слободна енциклопедија
Чикаго е голем град во Илиноис, САД и метрополитенска област која го вклучува градот и околните области. Градот Чикаго е најголемиот град на средниот исток на САД и третиот најнаселен град во САД, со околу 2,9 милиони жители. Метрополитенската област на Чикаго, понекогаш неформално именувана како Чикаголенд, има население од 9,4 милиони жители во Илиноис, Висконсин и Индијана, правејќи го третиот најголем во Соединетите Држави. Чикаго се наоѓа на југозападниот брег на езерото Мичиген и е транспортен, индустриски, политички, финансиски, медицински и високообразовен центар. Чикаго е неформално наречен и „Вториот Град“, „Ветровитиот Град“, „Градот на Големите Рамења“, „Чи-Сити“ и „Чи-Таун“.
Чикаго бил основан во 1833 како град кој ги поврзува Големите езера со системот на реката Мисисипи. Наскоро тој станал транспортниот центар на стариот северозапад со главни водни врски, канали и од 1855 со железница. Од 1890 тој бил еден од десетте највлијателни светски градови[1]
[уреди] Референци
- ↑ The World According to GaWC (2006). Globalization and World Cities Study Group and Network.
[уреди] Надворешни врски
- Chicago.com Водич низ Чикаго за посетители
- Официјален веб-сајт на градот
- Convention & Visitors Bureau
- Chicagoland Chamber of Commerce
- Links to the South Suburbs
- Chicago housing, arts, culture, immigration and gentrification
- AREA Chicago Art/Education/Activism Online/Print Publication
- Learn About Chicago's Historic Movable Bridges
- WikiSatellite view of Chicago at WikiMapia
- Interactive map of downtown Chicago
- WWW-VL: Chicago Urban History Dr. Lynn H. Nelson, KU
History Emeritus