Убавата Галатеа
Од Википедија, слободна енциклопедија
Убавата Галатеа (Die schöne Galathee) е оперета во два чина од Франц фон Зупе врз основа на либрето на германски јазик од композиторот и Поли Херион. Премиерата се одржала во Карловиот театар, Виена, 1865.
Во раните 1860-ти, фрацуските оперети од Жак Офенбах зза првпат биле прикажани во Виена. Франц фон Зупе бил приморан да се натпреварува со него и да ги комбинира виенските традиции со новиот стил на Офенбах. Die schöne Galathee вил првиот критички успех на Зупе.
[уреди] Дејствие
Скулпторот Пигмалион лудо се заљубил во неговата статуа на Галатеа. Затоа тој не сакал да ја продаде статуата на патронот Мида, туку ја замолил Венера, божицата на љубовта, да ѝ вдахне живот на статуата. Венера тоа го прави и статуата оживува. Меѓутоа Галатеа е своеглава. Таа не му е верна на Пигмалион и го мами со неговиот слуга Ганимед (бидејќи тој повеќе ѝ се допаѓа), а не го одбива ни Мида, кој и нуди накит. КОга Пигмалион ја фаѓа Галатеа на дело, тој ја моли Венера таа повторно да ја скамени. Накитот на Мида исто така се претвора во камен, а целата статуа Пигмалион му ја продава нему.