Точка на топење
Од Википедија, слободна енциклопедија
Точката на топење (Тt) на некоја супстанција или хемиски елемент е температурата при која тие се стопуваат при нормален за нив притисок.
Точката на топење за различните тврди супстанции има различна вредност. Таа е всушност температурата при која се постигнува рамнотежа меѓу тврдата и течната агрегатна состојба на дадена супстанција.