Соматотропин
Од Википедија, слободна енциклопедија
Соматотропинот (STH) или хормонот за раст (GH) е карактеристичен хормон со општо дејствување. Се продуцира од хипофизата и дејствува на најголемиот дел од телесните ткива, во кои стимулира синтеза на протеини, неопходни за растењето. Дејството на соматотропинот е особено изразено во периодот на детството и адолесценцијата до околу 24 годишна возраст, во кој се одвива интензивно растење на коските. Соматотропниот хормон исто така дејствува и врз вкупниот метаболизам (протеински, јаглехидратен и липиден).