Соли
Од Википедија, слободна енциклопедија
Солите се соединенија изградени од метален или некој друг вид на катјон и анјон на некоја киселина. Имињата на солите се образуваат така што најпрво се наведува името на металот (односно катјонот) што ја гради солта заедно со неговиот оксидационен број (напишан во мала заграда со римски броеви), а потоа името на анјонот на киселината според правилата за номенклатура кај киселините.
Солите може да се добијат при хемиска реакција на:
- Сол и киселина: NaCl + H2SO4 → Na2SO4 + 2HCl
- Сол и база: FeCl3 + 3NaOH → Fe(OH)3 + 3NaCl
- Метал и киселина: Cu + 4HNO3 → Cu(NO3)2 + 2NO2 + 2H2O
- База и киселина: Ba(OH)2 + H2SO4 → BaSO4 + H2O
- Сол и сол: CoCl2 + Na2S → CoS + 2NaCl.
Има најразлични видови на соли:
Содржина |
[уреди] Неутрални соли
Неутралните (нормалните) соли се оние кај кои сите водородни атоми во киселината се заменети со некој катјон. Вакви се на пример:
- Na2SO3 - натриум сулфит
- Cr(ClO)3 - Хром(III)хипохлорит
- KClO4 - Калиум перхлорат.
[уреди] Хидроген соли
Кај овие соли, еден или повеќе атоми на водород од киселината не се супституирани со некој катјон. Според тоа, анјоните на ваквите соли содржат еден или повеќе водородни атоми. Овие соли се изведуваат од најмалку двобазни киселини.
Ако во анјонот на киселината има само еден водороден атом, името се образува со додавање на префиксот хидроген. Кога има повеќе, пред овој префикс се додава уште еден кој го покажува бројот на водородни атоми. На пример:
- Fe2(HPO4) - Железо(III)хидрогенфосфат
- KHSO4 - Калиум хидрогенсулфат
- (NH4)H2PO4 - Амониум дихидрогенфосфат
[уреди] Хидроксид соли
Тоа се такви соли кои во својот состав содржат една или повеќе хидроксидни групи, па затоа во нивните имиња се содржи зборот хидроксид. Во овие соли постојат два различни анјони - хидроксиден и анјон на киселинскиот остаток, па затоа секој од нив се пишува одделно. Ако има повеќе од една OH-група, кон зборот хидроксид се додаваат префикси кои го означуваат бројот на овие групи. На пример:
- Bi(OH)Cl2 - Бизмут(III)хидроксид хлорид
- Bi(OH)2Cl - Бизмут(III)дихидроксид хлорид.
[уреди] Оксид соли
Во составот на оксид солите има оксиден јон (O2-). Се именуваат така што се наведува бројот на оксидни јони (на грчки јазик) и се додава зборот оксид. На пример:
- VO2NO3 - Ванадиум(V) диоксид нитрат
- UO2SO4 - Ураниум(VI) диоксид сулфат
- BiOCl - Бизмут(III) оксид хлорид.
[уреди] Двојни соли
Двојните (или мешани) соли се соли што содржат повеќе различни катјони или анјони на киселини. Притоа, катјоните и анјоните се именуваат по азбучен ред, а во формулите се запишуваат по абецеден ред. Такви се:
- Ca(ClO)Cl - Калциум хипохлорит хлорид
- KNaSO4 - Калиум натриум сулфат
- MgNH4PO4 - Амониум магнезиум фосфат.
[уреди] Кристалохидрати
Тоа се такви соли кои во формулната единка содржат една или повеќе молекули на вода. Нивните имиња го содржат зборот хидрат. Бројот на молекули вода се означува со соодветен префикс кон зборот хидрат. На пример:
- Na2CO310H2O - Натриум карбонат декахидрат
- MnPO4H2O - Манган(III)фосфат монохидрат
- FeSO47H2O - Железо(II)сулфат хептахидрат.