Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions Словенска митологија - Википедија

Словенска митологија

Од Википедија, слободна енциклопедија


Словенската митологија и Словенската религија еволуирала през период од 3,000 години. Се претпоставува дека некои нејзини делови датираат од неолитски, па дури и мезолитски времиња. Оваа религија поседува многу заеднички елементи со другите Индоевропски религии.

Многу генерации словенски уметници биле инспирирани од нивниот народен фолклор: Садко во Подводното царство од Илија Репин (1876)
Зголеми
Многу генерации словенски уметници биле инспирирани од нивниот народен фолклор: Садко во Подводното царство од Илија Репин (1876)

Содржина

[уреди] Извори

За разлика од старогрчката и староегипетската митологија, не постојат оригинални записи кои сведочат за карактерот на словенската митологија. Иако постојат разни мислења, сеуште не е докажано дека словените имале писмо пред нивната христијанизација; затоа, сите верувања и преданија се пренесувале од колено на колено и биле заборавени през вековите по надоаѓањето на христијанството. Пред тоа, ретки записи за словенската религија биле пишувани од христијанските мисионери кои и така не биле многу заинтересирани за паганските обичаи и сигурно е дека нивните записи не се објективни. Пронајдени се археолошки наоди од типот на идоли и олтари, но тие само ги потврдуваат постоечките историски записи и не кажуваат ништо ново. Фрагменти од старите пагански верувања се одржани до ден денес кај народните верувања и обичаи, песни and сказни на сите словенски народи. Задачата на историчарите и фолклористите е да ги реконструираат старите митови и легенди од нивните современи остатоци - задача која е многу комплексна и тешка.

[уреди] Пишани извори

Пишани извори за словенските верувања кои датираат пред преселбата на старите словени сеуште не се пронајдени. Единствен исклучок би бил Херодот во чии Истории, тој спомнува племе по име Неури на далекиот север, каде мажите се преправале во волци неколку дена во годината. Некои истражувачи сметаат дека ова било словенско племе бидејќи тој обичај може да има врска со верувањето во врколаци, додека други сметаат дека зборува за старословенски карневал во чест на богот Велес, каде група младичи талкале по селото преоблечени во волци. Меѓутоа сеуште не е утврдено дали неурите имаат било каква врска со старите словени.

Запрв пат словенската митологија дефинитивно се споменува во 6-тиот век ос трана на византискиот историчар Прокопиј, чиј Белум Готикум ги опишува верувањата на едно јужнословенско племе кое ја прешло реката Дунав и продолжило јужно до својата дестинација, сѐ за два дена. Според него, овие словени верувале во единствен бог, господар на сите други кој ги правел громовите и грмотевиците; иако историчарот не го споменува името на богот, од неговиот опис се гледа дека се работи за Перун. Исто така Прокопиј споменува разни верувања во демони и нимфи (т.е. самовили), но не споменува било кое друго име.

Во русија постојат наоди дека се верувало во боговите Перун и Велес. Исто така Нестор Хроничарот го опишува пантеонот воспоставен од страна на Владимир I во Киев во 980 год. Овој пантеон се состоел од Перун, Хорс, Дождобог, Стрибог, Симаргл и Мокош. Хипатскиот кодекс од Првата хроника исто така го споменува богот Сварог кој е споредлив со грчкиот бог Хефастион. Исто така интересен е источнословенскиот еп „Сказна за Игоровиот поход“ кој ги споменува Велес, Дождобог и Хорс. Оригиналниот еп датира од 12-тиот век, иако постојат и мали несогласувања во врска со неговата автентичност.

Најбројните пишани извори зборуваат за западнословенското паганство,

од кои најголеми се хрониката на Тиетмар Мерсемуршки која датира од почетокот на 11-тиот век која опишува храм во градот на Riedegost (Радигост) каде бил славен големиот бог Zuarasic (Сварогич). Според Тиетмар, ова било најсветото место на паганските словени и Сварогич бил нивниот најважен бог.

Исто така прилично вреден документ е Хроника Славорум напишан во доцниот 12-ти век од страна на Хелмонд, германски свештеник. Тој ги споменува 'ѓаволот' Zerneboh (Црнобог), богот Поренут, ножицата Сива, некои повеќеглави богови чии имиња не ги знаел и конечно, големиот бог Севид кој се славел на островот Риген и според Хелмонд, бил најважниот бог на западните словени.

Трет и веројатно најважен извор е данскиот хроничар Саксон Граматик кој во неговата Геста Данорум опишува војна која се водела во 1168 год, од страна на данскиот крал Валдемар против Венедите од Риген, нивиот пораз и уништувањето на великиот храм на Севид таму. Исто така Саксон детално го опишува богослужението на богот Севид, обичаите кои се однесувале на негои неговата високата четириглава статуа. Саксон споменува повеѓеглави богови на другите словенски племиња: Руѓевит, Поревит и Порентиј.

Четврт главен извор се трите биографии на германскиот бискуп-воин Св. Ото, кој во раниот 12-ти век водел неколку мисии во регионот на словенските плеемиња крај Балтикот. Според ракописот, најважниот словенски бог бил Триглав, чии храмови се наоѓале во градот Шчечин. Во градовите Волгаст и Хафелберг пак, бил славен богот на војната Геровит, т.е. Јаровит, веројатно Јарило од источнословенскиот фолклор.

[уреди] Археолошки наоди

Пронајдени се статуи на неколку словенски богови. Во 1848 на брегот на реката Збруч, пронајдена е висока камена статуа, со четири лица и една камена капа. Заради неговата сличност со она опишаното во Риген, било заклучено дека се работи за статуа на Севид, иако не било јасно дали тоа е оригиналниот Севид од Риген. На други места се пронајдени неколку други повеќеглави статуи. Мала четвороглава статуа од 10-тиот век, изделкана од коска била пронајдена меѓу рушевините на Преслав, престолнината на средновековна Бугарија. Двоглава дрвена статуа со големина на човек е пронајдена на остров во езерото Толенсесе близу Нојбранденбург: во средниот век, ова била земјата на словенскиот народ Доленци, чие име го носи езерото. Освен тоа, троглава статуа била откриена во Далмација (Хрватска) на едно брдо на која било напишано името Сувид, недалеку од врвот на планината Динара наречен Триглав.

Индоевропскиот обичај на приредување на гозби кај нас се нарекува слава, што доаѓа од чинот на „славење“ или „возвишување“ на божества.
Зголеми
Индоевропскиот обичај на приредување на гозби кај нас се нарекува слава, што доаѓа од чинот на „славење“ или „возвишување“ на божества.

Откриени се и остатоци од неколку други словенски светилишта. Извесни археолошки ископувања на 'ртот Аркона на островот Риген имаат дојдено до остатоци на големиот храм и градот кој соодветствува на ној опишаниот од Саксо. Во Новгород, најдени се и остатоци од стар олтар посветен на Перун. Олтарот се состои од широка, кружна платформа која ја опкружува статуата. Платформата е опкружена со ров со осум апсиди, каде се наоѓаат остатоците од жртвени алтари. Самата тврдина била мошне слична на други вакви пронајдени наоѓалишта.

Сите овие археолошки наоди имаат по неколку заеднички аспекти. Боговите имааат повеќе глави, а местата имаат по неколку жртвени олтара. Сетоа тоа ги потврдува записите на христијанските мисионери, а исто така и укажува на тоа дека словените придавале големо значење на богови со повеќе од еден аспект.

Исто така се сметаат за значајни неколкуте неколкуте грнци од 4-тиот век од Черјаковата култура. Рускиот археолог Борис Рибаков има заклучено дека на написите на нив се делови од словенскиот календар.


[уреди] Видете исто така

  • Словенски јазици
  • Словенски народи
  • Протоиндоевропска религија
  • Балтичка митологија
  • Нордиска митологија

Словенска митологија

Главни богови
Перун | Велес | Јарило | Марена | Сварог/Сварожич | Дождобог | Севид | Триглав | Деница
Други богови
Хорс | Флинс | Каревит | Мајка Земја | Мокош | Поренут | Поревит | Род | Руѓевит | Симаргл | Стрибог
Легендарни херои
Крале Марко
Натприродни суштества
Демон | Баба Рога | Башчелик | Змев
Духови и демони
Врколак | Домовој | Дрекавец | Кикимора | Леши | Лихо | Полевик | Самовила | Топелец | Вампир | Воден

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Наводи

  • Айбабин, И.А. — Погребения конца VІІ — первой половины VІІІв. в Крыму, Москва, 1982
  • Амброз, А.К. — О символике русской крестянской вышивки архаического типа, Москва, 1966
  • Ангелов, В. — Семантичните метаморфози на двуглавия орел, Български фолклор, София, 1991
  • Арнаудов, М. — Студии върху българските обреди и легенди, т. 1-2, София, 1971-1972
  • Беновска, М. — Същност и естетически измерения на обреда Герман, Обреди и обреден фолклор, София, 1981
  • Боровский, Я.Е. — Мифологический мир древних киевлян, Киев, 1982
  • Будимир, М. — Са словенског Олимпа, Зборник филозофског факултета у Београду, Београд, 1956
  • Василева, М. — Коледа и сурва — български празници и обичаи, София, 1988
  • Велецкая, Н. — Языческие претставления о задгробной жизни и рудименты их в славянской народной традиции, Скопjе, 1969
  • Гейщор, А. — Митология на славяните (превод), София, 1986
  • Генчев, С. — Обичаи и обреди за дъжд, Добруджа — етнографски, фолклорни и езикови проучвания, София, 1974
  • Георгиев, П. — Изображение на четирилико славянско божество от Преслав, Археология, София, 1984
  • Георгиева, И. — Българска народна митология, София, 1983
  • Герасимов, Т. — Сведение за един мраморен идол у българските славяни в Солунско, София, 1960
  • Динеков, П. — Български фолклор, София, 1980
  • Иванов, В.В.; Топоров, В.Н., — Славянская мифология / Мифы народов мира. Энциклопедия, т. 2, Москва, 1988, с. 450-456
  • Костовъ, С. — Култътъ на Германа у българите, Известия на българското археологическо дружество, София, 1913
  • Кук, Р. — Дрво живота — симбол центра (превод), Градац, Чачак, 1984–85 г.
  • Лесков, А. — Курганы-находки, проблемы, Ленинград, 1981
  • Мурзін В., Ролле Р., Супруненко О. — Бiльське городище, Київ-Гамбург-Полтава, 1999
  • Носова, Г. — Язычество в православии, Москва, 1975
  • Панчовски, И. — Пантеонът на древните славяни и митологията им, София, 1993
  • Писаренко, Ю. — Велес-Волос в язичницькому свiтоглядi давноi Русi, Київ, 1997
  • Ристески, Б. — Македонски додолски и други обичаи и песни за дожд, Македонски фолклор, Скопjе, 1977
  • Рыбаков, Б. — Древние Русы, Москва, 1953
  • Рыбаков, Б. — Искусство древних славян, Москва, 1953
  • Рыбаков, Б. — Русалии и бог Симаргл — Переплут, Москва, 1967
  • Рыбаков, Б. — Язычество древних славян, Москва, 1981
  • Рыбаков, Б. — Язычество древней Руси, Москва, 1987
  • Тодорова, И. — Култът към слънцето и огъня в магичните ритуали, В. Търново, 1984
  • Тодорова, И. — Култът към мъртвите в магичните ритуали на Балканите, В. Търново 1994
  • Целакоски, Н. — Дебарца — обреди, магии и обредни песни, Скопjе, 1984
  • Цивьян, Т.В. — Балканские дополнения к последним исследованиям индоевропейского мифа о громовержце, Москва, 1977
  • Чаjкановић, В. — О магиjи и религиjи, Београд, 1985
  • Чаусидис, Н. — Митските слики на jужните словени, Скопjе, 1994
  • Ђорђевић, Т.Р. — Вештица и вила у нашем народном веровању и предању, Београд, 1989
  • Шилов Ю.О. — Праісторія Русі-України, Київ, 1998
  • Сварог , [1]

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu