Слатинска пештера
Од Википедија, слободна енциклопедија
Слатинската пештера се наоѓа во селото Слатино, Македонски Брод, на левата долинска страна од Слатинска Река, 65 метри над дното од реката, на надморска висина од 600 метри. Пештерата се состои од еден долг пештерски канал од кој на сите страни се разгрануваат подолги и пократки краци. Должината на пештерата изнесува околу 400 метри.