Светска Трговска Организација
Од Википедија, слободна енциклопедија
Светската Трговска Организација (СТО) е меѓународна организација која надгледува голем број на договори кои ги дефинираат „правилата на трговијата“ помеѓу членките (СТО, 2004). СТО е наследник на ГАТТ и делува со цел да се анулираат сите меѓународните трговски бариери.
Седиштето на СТО е во Женева, Швајцарија. Моменталниот генерален директор на СТО е Супачаи Панитчпакди. Од 12 декември 2004 СТО брои 148 земји членки. Секоја земја членка на СТО е должна да ги назначи другите земји за најпретпочитани, така што (со некои исклучоци) трговските концесии кои ги дала земја членка на СТО кон друга земја мора да ги даде и на сите други земји членки на СТО.
Во доцните 1990ти години, СТО стана цел на протести од антиглобализациските движења.
За веројатен следен генерален директор се смета Паскал Лами.
Содржина |
[уреди] Потекло
СТО беше формирана на 1 јануари 1995 со цел да го замени ГАТТ кој претставува серија на поствоени договори наменети за олеснување на светската трговија. Принципите на ГАТТ беа усвоени од СТО, која беше ставена на чело на нивното администрирање и нивното надградување. За разлика од ГАТТ, СТО има супстанцијална институционална структура.
СТО е долго одложениот наследник на очекуваната Интернационална Трговска Организација, која беше примарно наменета да го следи ГДТЦ. Формирањето на Интернационалната Трговска Организација беше договорено на Конференцијата за Трговија и Вработување на ОН одржана во Хавана, Куба во март 1948. Меѓутоа формирањето на оваа организација беше блокирано од страна на американскиот Сенат. Некои историчари тврдат дека неодобрувањето на формирањето на ИТО беше предизвикано од стравот на американската бизнис заедница дека ИТО наместо да ги либерира ќе ги регулира големите бизниси, што не им одела во прилог на САД.
[уреди] Функции
Сто има две основни функции: како преговарачки форум за дискусии за нови и стари трговски правила, и како тело за решавање на трговски спорови.
Решавање на спорови
За разлика од многу други интернационални организации, СТО има голема моќ на спроведување на своите одлуки, преку Телото за Решавање на Спорови кое претставува меѓународен трговски суд кој има право да спроведува санкции врз држави кои не се придржуваат на правилата на СТО.
[уреди] Членство
При формирањето СТО имаше 76 земји членки. Други 72 земји се приклучија во следните десет години. Најнова земја членка е Камбоџа која пристапи на 13 октомври 2004. Официјалната листа на земји членки е достапна тука.
Голем број на земји кои не се членки имаат статус на на надгледувачи во СТО: Азербејџан, Алжир, Андора, Бахамите, Белорусија, Босна и Херцеговина, Вануату, Виетнам, Екваторска Гвинеја, Етиопија, Ирак, Јемен, Казахстан, Зелено’ртски острови, Лаос, Либан, Либија, Русија, Самоа, Сао Томе и Принципе, Саудиска Арабија, Сејшели, Србија и Црна Гора (двете со посебно членство), Судан, Таџикистан, Тонга, Узбекистан и Украина. Многу од овие земји бараат членство.
Иран, која најпрво аплицира членство во СТО во 1996, последователно беше одбивана од страна на САД, која го смета Иран за земја спонзор на тероризмот во светот. Русија, која за прв пат побара членство во ГДТЦ 1993, сè уште не е членка исто така.