Проза
Од Википедија, слободна енциклопедија
Проза е вид на литература што се разликува од поезија по својот ритам, како и сличноста на секојдневниот говор. Зборот „проза“ доаѓа од латинскиот збор prosa што значи едноставно, јасно. Општо земено, прозниот запис навистина е едноставен и ослободен од очигледни стилски фигури. Прозниот запис обично се присвојува за опис на факти или дискусија на идеи. Затоа, прозниот запис се користи во весници, списанија, романи, енциклопедии, сценарија, философија, писма, есеи, историја, биографија и многу други форми на запис.
Ова е недовршена статија за литература. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |