Помош:Преводи и транслитерации
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тука можете да се обратите за помош или да разјасните некоја несигурност во врска со преводи и транслитерации на имиња или поими од било кој јазик на македонски.
Одговорен референт: --Б. Јанкулоскиразговор 13:07, 8 Јуни 2006 (UTC)
- Ларс фон Триер или Ларс фон Трир? (од дански) --FlavrSavr 00:10, 22 Јуни 2006 (UTC)
- Трир - паралела во германскиот би бил зборот „Krieg“ (војна) кој се чита криг. --Б. Јанкулоскиразговор 12:00, 5 јули 2006 (UTC)
- Сфаќам, и јас мислев така. Проблемот е што не се работи за германски, туку за дански, за кој навистина, како холандскиот немам поим како точно се чита. Вообичаено во македонскиот јазик го нарекуваме "Ларс фон Трир", ама од друга страна не сум сигурен колку е тоа правилно. Русите и Бугарите го преведуваат како "Ларс фон Триер". --FlavrSavr 03:11, 8 јули 2006 (UTC)
- Јас ти дадов пример од германскиот заради тоа што нам тој ни е појасен, а има ист систем на транслитерација во македонски како и данскиот.
- Англиската википедија пишува: ie = i (in names). — Сергеј 16:19, 14 јули 2006 (UTC)
А за бугарските и руските транслитерации - јас не би им обрнувал внимание. Обата јазика имаат катастрофален систем на транслитерација. Тоа е често резултат на нечија првична лоша транслитерација, и следењето на истата низ годините. За бугарите знаеме дека безусловно копираат од русите, така што нивната транслитерација не би ја третирал како засебен ентитет. Што се однесува до русите пак, јас имам зборувано на тема недоследни транслитерации и тие самите си признаваат дека системот им е хаос. Тие вријат од лоши транслитерации (како на пр. „Хюмидор“, а не Хумидор). Јасно е дека тука имаат транслитерирано од англиски зошто на ниеден друг јазик U не се чита како Ю (особено не на шпански). Тоа не е вина википедијанецот кој ја крстил статијата, бидејќи тој само го има следено одамна востановеното име, туку на тие што првично го транслитерирале поимот Humidor на руски некаде во раниот 19-ти век. --Б. Јанкулоскиразговор 14:51, 12 јули 2006 (UTC)
- Линус Торвалдс. Тука сè е јасно: на латиница се пишува со „о“, тако и го пишуваме. Ама во шведски буквата „о“ често се чита како „у“, и тука е исто такав случај. Во руската википедија веќе имаме обговорено оваа проблема. Можеби ќе смениме неговото име на правилно? — Сергеј 09:32, 16 јули 2006 (UTC)
- Да. Во шведскиот јазик „О“ звучи нешто како „У“ (повеќе накај „У“ отколку накај „О“). Затоа треба да се транскрибира како „У“. Но се јавува проблем кога ќе се спореди со другите претходни транскрипиции на шведски имиња во македонски - имено оние што почнуваат со „О“. Името „Olaf“ ние одсекогаш сме го транскрибирале како „Олаф“. Дали „О“ при почетокот, сепак се чита како О не сум сигурен, треба да проверам. Можеби и ова е традиционална грешка. --Б. Јанкулоскиразговор 21:09, 17 јули 2006 (UTC)
- Hello! Can you please translate a phrase for me? What would be Macedonian translation of Russian "Вместе - мы сила" or Serbian "Заједно смо јачи"? --George D. Bozovic 14:11, 21 октомври 2006 (UTC)