Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions Политичка философија - Википедија

Политичка философија

Од Википедија, слободна енциклопедија

Статија за уредување
ВНИМАНИЕ
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Серијал за Политика:
  • Политика по земја
  • Политикологија
  • Политичка историја
  • Политички научници
  • Компаративно владеење
  • Меѓународни односи
  • Политичка економија
  • Политичка философија
  • Политичка психологија
  • Форми на владеење
  • Суверенитет
  • Јавна администрација
  • Согласност на владеените
  • Теории за политичко однесување
Подсерии од Политика

Политичката филозофија е нормативна дисциплина која поставува три вида прашања:

•што е тоа праведен поредок за едно општество? •врз основа на кои стандарди треба да се проценуваат општествените институции во тоа општество? •кои стандарди за проценување доведуваат до избор и подржување на еден пожелен институционален поредок?

Од одговорите на првото прашање се специфицира еден пожелен збир на институции (тие можат да бидат либерални, конзервативни...) Од одговорите на второто прашање се одредуваат и бранат моралните принуди со кои пожелните институции треба да се прифатат и идеалите кои треба да се промовираат (слобода, еднаквост, солидарност, лична автономија..). Одговорите на третото прашање претставуваат она што можеме да го наречеме одредена политичка теорија

Наведените прашања се вообличени со еден суштествен факт кој се однесува на општествените институции: институциите ги подржува моќта на принуда со која располага државата. Но бидејќи е неоспорно дека самата принуда е нешто што е погрешно, нејзе перманентно и е потребно оправдување. Поради наведеното, првото прашање не се однесува само на општествениот потедок кој може да се оправда, туку: кога некој општествен поредок може да заслужи доброволна согласност од поединците, врз кои тој поредок е наметнат со принуда? Одговорот на вака поставеното прашање најчесто се бараат преку начелата за праведност и добрина, кои пак се во основата на моралната филозофија. Политичката филозофија, наспроти моралната филозофија (врз која е впрочем втемелена), не ги применува начелата за праведност и добрина врз личното однесување на поединците туку врз институциите, врз правилата, конвенциите и практиката што се наметнати со принуда. Политичката филозофија не се прашува како треба ние да живееме и постапуваме поединечно, туку кој вид институции треба да прифатиме за да би ги усогласиле нашите постапки и нашите животи. На вака дефинираните проблеми се обидувале да најдат одговор Платон (Држава) и Аристотел (Политика) во оној момент кога впрочем настанува и кризата на елинистичкиот свет и за првпат се раѓа политичката филозофија. По вторпат, истата потреба, ќе се јави кога ќе дојде во криза римската империја и ќе треба да се одбрани тогаш роденото христијанство. Тоа ќе го стори Августин (За царството Божје) создавајќи ја политичката филозофија на христијанството. Кризата на христијанската политичка филозофија ќе доведе до настанување на модерната држава: Макијавели (Владетелот); Хобс (Левијатан); Мор (Утопија); Монтескје (Духот на законите); Русо (Општествениот договор); Лок (Две расправи за власта). Кризата на модерната држава ќе ја создаде политичката филозофија на Хегел и Маркс. Едноставно кажано, секогаш кога настанувала состојба, при која се губела свеста за политичките принципи, се раѓала потребата за политичката филозофија како враќање на свеста за суштествените политички принципи.


Политичката филозофија опфаќа три вида истражувања:

  • најдобар облик на владеење или совршена република;
  • основите на државата или политичката власт со оправдувањето (или неоправдувањето) на политичките обврски што од таму произлегуваат;
  • важноста на политичките категории и политичкото со расправата која претежно се однесува на разликите меѓу етиката и политиката.

Овие три верзии на политичката филозофија се презентирани како примери на почетокот на модерната епоха преку три дела кои оставиле неизбришливи траги во историјата за размислувањето за политиката:

  • „Утопија“ од Томас Мор (1516) како нацрт за идеална република;
  • „Левијатан“ од Томас Хобс (1651), кој тврди дека дал рационално оправдување за постоењето на државата, и затоа и универзално, а ги навел и причините поради кои неговите наредби треба да бидат извршени;
  • „Владетел“ од Николо Макијавели (1513) каде барем во едно од неговите толкувања се покажало во што се состои специфичното својство на политичката активност и како таа како таква се разликува од моралната.

Под „политичка наука“ денес претежно се подразбира истражувањето на полето на политичкиот живот кое би ги задоволило следните услови:

  • принцип на проверливост или фалсификување како критериум за прифатливост на неговите резултати;
  • користење техники на разумот кои даваат можност да се дадат причинското објаснување во силното или слабо значење на појавата што се истражува;
  • воздржување или умереност во поглед на битните мислења, таканаречено „проценување“.

Доколку ги согледаме веќе опишаните три облици на политичката филозофија, треба да се забележи дека на секоја и недостасува барем една од карактеристиките на науката.

Политичката филозофија како истражување на совршена република нема „проценувачки“ карактер; како истражување на крајните основи на власта не подразбира објаснување на појавата на власта, туку нејзино оправдување што има за цел да се квалификува некое однесување, како дозволено или недозволено, а тоа не може да се спроведе без повикување на вредности; како истражување на суштината на политиката се исклучува од секое емпириско утврдување на вистинитоста или фалсификатот, доколку тоа што смислено се нарекува суштина на политиката, резултира од номиналната дефиниција како таква, таа не е ни вистинита ниту пак лажна.

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu