Пенис
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пенис е машкиот полов орган чијашто функција е спроведување на спермата и урината и нивна ејакулација, односно екскреција надвор од организмот.
Остварувањето на половиот акт кај мажот е главно под нервна контрола. Преку импулсите на кои е осетлив глансот (главата на пенисот) се поттикнува ерекција, а со тоа и можност за полов акт (секс). При тоа, нервните импулси се испраќаат до централниот нервен систем преку ’рбетниот мозок. Такви, сексуални нервни импулси, се испраќаат и од деловите близу до пенисот.