Патек Филип
Од Википедија, слободна енциклопедија
Патек Филип (Patek Philippe & Co.) е една од најславните ексклузивни марки на часовници во светот. Моментално фирмата ја поседува семејството Штерн. Многу познавачи сметаат дека Патек Филип се најдобрите часовници на светот. Многу богати, славни и влијателни личности носеле пат Филип часовници, како кралски семејства, филмски ѕвезди, индустриски магнати и претседатели. Меѓу нив се и Јосип Броз Тито и Алберт Ајнштајн.
Антони Патек почнал со изработка на џебни часовници во 1839 во Женева, заедно со неговиот ортак, Францичек Чапек. Тие се раздвоиле во 1844, а во 1845 Патек му се придружил на франсукиот часовничар Адриан Филип, изумителот на механизмот за навивање без клуч. Во 1851 основана е фирмата Patek Philippe & Co.
Во 1868, Патек Филип го направиле нивниот прв рачен часовник. Тие исто так аго имаат измислено вечниот календар, хронграфот и минутнот повторувач кај часовниците. Фикрмата порано има произведувано и кварцни часовници, но никогаш часовници со дигитални дисплеи.
Патек Филип го имаат направено и најкомплициранот часовник на сите времиња, моделот Калибар 89 (Calibre 89), по повод 150 годишнината на фирмата во 1989. Тој има 33 компликации, како датумот на Велигден, термометар, време на изгрејсонце, израмнување на времето, ѕвездено време, и многу други функции. [1] Калибар 89 исто така може да додава еден ден во февруари на секоја престапна година, избегнувајќи го истото секоја стота година.
Патек Филип произведуваат многу колекционерски часовници високовреднувани од колекционерите ширум светот.
[уреди] Видете исто така
- Антони Патек
- Францичек Чапек
[уреди] Надворешни врски
- Официјален веб-сајт на Патек Филип (англиски)
- ThePuristS.com Патек Филип форум (англиски)
- Статија за часовниците Патек Филип (англиски)