Парцијален притисок
Од Википедија, слободна енциклопедија
Парцијален притисок на еден гас е притисокот којшто би го имал тој гас кога самиот би го исполнувал волуменот што го зафаќа кога се наоѓа во смеса со други гасови. Вкупниот притисок, пак, на таа смеса од гасови е збир од парцијалните притиосци на секој гас кој влегува во смесата. Ова тврдење е попознато и како Далтонов закон.