Парна локомотива
Од Википедија, слободна енциклопедија
Парна локомотива е вид на железничко влечно возило.
Основен принцип на работа на парната локомотива е искористување на енергијата на водената пареа парниот котел или топка пронајден уште во првиот век.
Содржина |
[уреди] Историја
Вистинскиот творец на локомотива на парен погон, која се движела по железни шини е англичанецот Џорџ Стивенсон (George Stephenson 1781-1848 година). Првата негова парна локомотива е наречена „Блушер“ во 1814. Втората парна локомотива е конструира во 1825 која го има влечено првиот патнички воз на линијата од Стоктон до Дарлингтон во Англија. И легендарната трета парна локомотива со име „Ракета“ подобрена со принцип на греење на повеќе цевки, добивајќи снага да влече приближно 13.000 килограми и брзина од 24 km/сат.
[уреди] Принцип на работа
Принцип на работа на парната локомотива е загревање на водата и нејзиното ширење на водената пареа постигнувајќи принцип на реакција.
[уреди] Делови на парна локомотива
1. Ексцентричен зглоб | 6. Повратно вратило | 11. Поврзувачка котва |
2. Ексцентрична полуга | 7. Проширена врска | 12. Комбиниран лост |
3. Повратна полуга | 8. Радиусна полуга | 13. Дршка на вентил |
4. Подигнувачка врска | 9. Крстач | 14. Вретенаст вентил |
5. Подигнувачко вратило | 10. Доводен вентил |
[уреди] Карактеристики
Предности
- добра влечна снага – локомотивата развива голема влечна снага при мали брзини, а со зголемување на брзината се смалува.
- Едноставна промена на смерот на движење напред-назад.
- Едноставна конструкција и лесна за одржување.
- Можност на користење на различни врсти на горива (дрво, јаглен, нафта,..)
Недостатоци
- Лоша динамика – поради големите тркала.
- Лоша искористеност на горивото – јагленот од 6-12%.
- Ставање во погон или престанок на работа е околу 2 часа.
- Мал радиус на движење – за надополнување на вода (секој 50-100km) и јаглен (секој 200-300km).
- Предолго задржување за снабдување.
- Неможност за поголеми брзини.
- Големо загадување на околината.
Поради сите наведени недостатоци во денешно време веќе не се во употреба парните локомотиви освен во поедини случаеви како туристичка атракција.
[уреди] Градители на парни локомотиви
- Ричард Тревитник (Richard Trevithick) - Првa експериментална парна локомотива
- Џорџ Стивенсон (George Stephenson) - Прва практична парна локомотива
[уреди] Надворешни врски
- Пример за туристичка атракција каде се употребуват истите локомотиви (кај нас наречени „Пампур“) кои беа во употреба во Македонија до 1969 година.
[уреди] Поврзани статии
Ова е недовршена статија за транспорт. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка . |