Облици на лист
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во ботаниката се користат следниве поими за опис на обликот на еден лист:
- Акикуларен: иглест
- Акуминатен: се зашилува во долг врв
- Бипинатен (bipinnata): и ливчињата се пинатни
- Бубрежен: бубреговиден
- Венче: кружно околу дршката
- Делтоиден: триаголен, дршката од страна
- Дигитатен (digitata): со прстовидни лобули
- Дланковиден (palmata): со многу лобули
- Елиптичен (elliptica): овален, со мал или без врв
- Копјест (hastata): заострен со бодликава основа
- Кордатен (cordata): срцевиден, дршката во отсекот
- Кунеарен: клинест со остра основа
- Лансеолатен (lanceolata): Долг, поширок по средината
- Линеарен: Долг и многу тенок
- Лобатен (lobata): Со неколку врва
- Мачест (ensiformis): Долг, тесен, зашилен
- Наизменичен (alternifolia): наизменични листчиња
- Обкордатен: срцевиден, дршката на врвот
- Облансеолатен (oblanceolata): Врвот поширок од основата
- Обоватен: солзовиден, дршката на врвот
- Овален (ovata): јајцевиден, со врв
- Округол (rotundifolia): кружен
- Орбикуларен: округол
- Пелтатен (peltata): Заоблен, дршката под листот
- Перфолијатен (perfoliata): Дршката низ листовите
- Пинатен (pinnata): два реда листчиња
- непарно пинатен : пинатен со завршено листче
- парно пинатен : пинатен без завршно листче
- Пинатисектален (pinnatifida): засечен, но не до жилата
- Розетен: листчиња во густи престени
- Ромбоиден (rhomboidalis): баклавивиден
- Сагитарен: како врв од копје
- Спатуларен (spathulata): лажицовиден
- Спротивен (oppositifolia): со спротивни листчиња
- Субулатен: вретенест врв, шиловиден
- Трипинатен (tripinnata): секое ливче поделено на три
- Трифолијатен, тернатен (trifoliata): со три листчиња
- Унифолијатен: со само еден лист
- Фалкатен: срповиден
- Флабелатен: ладаловиден
- Хастатен: како врв од копје, со остри лобули при основата