НАТО
Од Википедија, слободна енциклопедија
НАТО или Северноатлантската Алијанса (англиски: North Atlantic Treaty Organisation (NATO), француски: l'Organisation du Traité de l'Atlantique Nord (OTAN)), понекогаш нарекувана Атлантска Алијанса, или Западна Алијанса, е меѓународнa безбедносна организација основана во 1949, како резултат на Северноатлантскиот Договор потпишан во Вашингтон, на 4 април 1949. Службени јазици на НАТО се англискиот и францускиот. Седиштето на НАТО е во Брисел.
Главна точка во Договорот меѓу земјите членки е Член 5, кој се однесува на правото на заедничка самоодбрана, содржано во Повелбата на ОН. Овој Член предвидува дека напад насочен против една или повеќе членки на НАТО ќе се смета како напад против сите нив.
Оваа точка имаше цел - доколку некоја членка на Варшавскиот Пакт нападне некои од европските сојузници на САД - тоа да се третира како напад врз сите земји членки на НАТО (вклучувајќи ги и САД) кои имаат најголем воено-стратегиски потенцијал и како такви можат да обезбеди најголема заштита. Како и да е, стравот од напад не се оствари. Всушност, оваа точка за првпат стапи на сила на 12 септември 2001 како одговор на терористичките напади на 11 септември, ден претходно.
[уреди] Земји членки на НАТО
Земји основачки на НАТО:
- Белгија
- Британија
- Данска
- Исланд
- Италија
- Канада
- Луксембург
- Норвешка
- Португалија
- САД
- Франција
- Холандија
Земји кои се зачленија во текот на Студената војна:
Земји кои што се зачленија по крајот на Студената војна: