Михаил Булгаков
Од Википедија, слободна енциклопедија
Михаил Афанасиевич Булгаков (Руски: Михаил Афанасьевич Булгаков, 15 мај 1891 Киев - 10 март 1940 Москва) е руски новелист и драматург од првата половина на 20ти век. Најпознат е по своето дело Мајсторот и Маргарита.
[уреди] Биографија
Дете на руски родители, Михаил Булгаков бил роден во Киев, Украина. Михаил и сите негови браќа учествувале во редовите на Белата Армија за да после крајот сите освен Михаил се преселат во Париз. Михаил останал да работи како теренски доктор во кавкаскиот регион, каде подоцна започнал да работи и како новинар. Иако имал релативно поволна положба под советскиот режим на Јосиф Сталин, Булгаков имал забрана да емигрира или дури и да ги посети своите браќа на запад. Некои делови од биографијата на Булгаков се непознати и нејасни бидејќи тој бил особено таинствен за својот живот па дури си ги заколнал и сопствените сопруги на тајност.
Во 1913 Булгаков се оженил со Татјана Лапа. По избивањето на првата светска војна тој веднаш волонтира во Црвениот крст. Во 1916 дипломира на медицинската школа при киевскиот универзитет и потоа служи во Белата Армија. Кратко и присилно бил мобилизиран во Украинската Националистичка Армија. Во 1919 се решава да ја напушти медицината и да се занимава со својата голема љубов, литературата. Во 1921 со Татјана се преселува во Москва каде ја започнува својата писателска кариера. Три години подоцна, разведен од својата прва сопруга, се жени со Љубов Белозерскаја. Обајвил неколку дела во почетокот и средината на 1920тите но веќе кон 1927 започнал да биде под удар на критичарите и бил оценет како анти-Советски настроен. До 1929 неговата кариера поради тоа била целосно уништена и ниедно од неговите дела повеќе не било изфавано поради цензура.
Во 1932 Булгаков се жени по трет пат за Јелена Шиловскаја, која ќе му послужи како инспирација за ликот на Маргарита од неговото најпознато дело Мајсторот и Маргарита, и со неа се населил во Патријаршиските Езера во Москва. Во последната декада од својот живот работи на Мајсторот и Маргарита, пишува, драми, критики и приказни, Направил и неколку преводи и драматизации но тие останале необјавени.
Булгаков никогаш не го подржувал режимот и го исмејувал во многу од своите дела. Токму поради тоа, најголем дел од неговите дела останале заклучени во фиока барем уште неколку декади. Во 1930 напишал писмо до Сталин од кој побарал дозвола да емигрира доколку за него нема место во Советскиот Сојуз како сатиричар. Како резултат на писмото Булгаков добил телефонски повик од Сталин лично, кој го уверил токму во спротивното. Сталин уживал во делото на Булгаков Денови на Турбините па му нашол работа во некој мал московски театар а подоцна и во Московскиот Театар на Ументостите. Во многу биографии за Булгаков се наведува дека писмото го напишал од гнев и ментален немир и никогаш немал намера да го испрати. Понатамошната забрана од властите да го посети своето семејство во странство го натерало на драстични мерки. И покрај неговата нова работа, проектите на кои што работел во театарот биле неуспешни и тој постојано бил под стрес и бил многу несреќен. Работел кратко и во театарот Болшој но набрзо си заминал бидејќи неговите дела не биле објавувани.
Булгаков починал од вродена маана на бубрезите во 1940 и бил погребан на гробиштата Новодевичи во Москва.