Мала Азија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мала Азија или Анадолија е полуостров на најзападниот крај на континентот Азија. На југ излегува на Средоземното море, на запад излегува на Егејското море и Мраморното море, а на север излегува на Црното море. Од континентот Европа е одделен со морските протоци Босфор (помеѓу Мраморното и Црното море) и Дарданели (помеѓу Егејското и Мраморното Море) за кои во минатото се воделе многу војни. Целиот полуостров е дел од територијата на Турција.