Лимпопо (провинција)
Од Википедија, слободна енциклопедија
- За реката со истото име, видете Лимпопо.
Лимпопо | |
---|---|
Површина | 123,900 km² |
Население | 5,273,637 |
Јазици: | Сепеди, Венда, Цонга |
Раси: | Црнци (97.3%) Белци (2.4%) Обоени (0.2%) Азијатци (0.1%) |
Главен град: | Полокване |
Најголем град: | Полокване |
Премиер: | Мбхазима Шилова (АНК) |
Лимпопо е најсеверната провинција во ЈАР. Главен град е Полокване (поранешен Питерсбург). Провинцијата е формирана од северниот регион Трансвал во 1994 и првобитно именувана како Северен Трансвал. Следната година Лимпопо е преименуван во Северна Провинција, име коешто остана во употреба до 11 јуни, 2003, кога беше сменето во денешното. Провинцијата е крстена по реката Лимпопо, која ја формира границата на ЈАР со Зимбабве. Друга важна причина за преименувањето во Лимпопо беше Мапунгубве, областа каде најантичката цивилизација која користела злато беше откриена неколку години порано. Племето изгледа имало силни врски со урнатините и цивилизацијата од Голем Зимбабве.
Јужноафрикански провинции |
---|
Гаутенг - Западен Кејп - Источен Кејп - Лимпопо - Мпумаланга - Натал - Северен Кејп - Северозапад - Фристејт |