Крум Монев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Крум Солунов Монев (Оштава, 1927 - Градешница, 2001) е борец за ослободување и обединување на Македонија од нејзиниот пирински дел. Учествува во четата на Герасим Тодоров. Осуден и издржал 16 години затвор, одбегнувајќи ја поради малолетност смртната казна. Автор е на спомени во 4 книги.
- ”Ах, Пирине, Пирине, мој! Ти си ми најголемата гордост. Ти си нашата чудесна легенда, ти најпосле си најголемиот и најубав бисер врз круната на поробената и парчосана Македонија!... Јас сум се заколнал дека во бугарска касарна моја нога нема никогаш да стапне... Јас одам да си го исполнам долгот кон Македонија, а не кон Бугарија!... Ако ја немав несреќната Македонија, дали одвај ќе успеев да оздравам како човек, кој оди со двете нозе и не се потпира на своите раце, т.е. не лази!“ (Извор: Крум Монев, „Македонија мојата потпора“)