Заедница на независни држави
Од Википедија, слободна енциклопедија
Знаме на ЗНД |
|||
|
|||
Седиште | Минск, Белорусија | ||
Земји членки | 11 земји членки 1 земја соработник |
||
Работен јазик | Руски | ||
Извршен секретар | Владимир Рушајло | ||
Формирање | 21 декември, 1991 | ||
Официјален веб-сајт | http://cis.minsk.by |
Заедницата на независни држави (ЗНД) (руски: Содружество Независимых Государств — СНГ) е меѓународна организација, или алијанса, која се состои од 11 поранешни советски републики: Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан, Украина, и Узбекистан. Туркменистан го прекинал трајното членство од 26 август 2005 и сега е земја соработничка.
Создавањето на ЗНД било сигнал за распадот на Советскиот Сојуз и, според лидерите на Русија, неговата намера била да „овозможи цивилизиран развод“ на советските републики. Но, многу набљудувачи го гледаат ЗНД како алатка со која Русија би можела да го задржи своето влијание врз пост-советските држави. Од неговото формирање, земјите членки на ЗНД потпишале голем број на документи поврзани со интеграција и соработка во полињата на економијата, одбраната и надворешната политика.
ЗНД не е конфедерација.
Две од пост-советските држави во 1997 го формирале сојузот на Русија и Белорусија, сега конфедерален, со намера да постане федерален (како СССР) во некое идно време.
[уреди] Членки
- Моментални членки:
- Русија (1991)
- Белорусија (1991)
- Украина (1991)
- Молдавија (1991)
- Казахстан (1991)
- Азербејџан (1991)
- Ерменија (1991)
- Киргистан (1991)
- Узбекистан (1991)
- Таџикистан (1991)
- Грузија (1993; во фебруари 2006, се повлекла од Советот на Минстри за одбрана)
- Поранешни членки/Земји соработнички:
- Туркменистан (1991; се повлекол во 2005, земја соработничка од тогаш)