Ер Ријад
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ер Ријад (арапски: الرياض}} ar-Riyāḍ) или само Ријад е главниот град на кралството Саудиска Арабија. Се наоѓа во провинцијата Ер Ријад, во регионот Наџд. Во поширока смисла, Ер Ријад е лоциран во центарот на Арабискиот Полуостров, на големо плато и е дом на преку 4.260.000 жители.
Градот леѓи во "централниот коридор" на Саудиска Арабија за развој, заедно со Бураида и Ел Кхарџ во ријадската административна единица. Другите две области со концентрирана поголема популација се две крајбрежни области - околу Џида и Мека на Црвеното Море, и околу Џубаил и Дахран на Персискиот Залив. Ер Ријад се наоѓа на 24°42'42" северно и 46°43'27" источно (24.711667, 46.724167).
Ер Ријад е поделен на 17 општини под контрола на градот и ријадските развојни власти на чело со ријадскиот провинциски гувернер - Принцот Салман Бин Абдул Азиз.
Иако е многу сува областа во која е сместен градот, сепак паѓаат и дождови во мала количина. Пет брани ја собираат дождовницата. Има околу 96 бунари и 467 km цевкаст систем кој ја пренесува водата од центрите за десалинизација на Персискиот Залив до градот.