Дојче Грамофон
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дојче Грамофон Рекордс | |||
Групација | Јуниверзал Мјузик Груп | ||
Основана | 1898 | ||
Основач(и) | Емил Берлинер | ||
Дистрибуциона марка | Дојче Грамофон Рекордс (во САД и ОК) | ||
Жанр(ови) | Класична музика | ||
Земја | Германија | ||
Веб-сајт | http://www.deutschegrammophon.com |
Дојче Грамофон (Deutsche Grammophon) е германска музичка куќа. Фирмата е веќе долго позната по нејзините високи стандарди на аудио верност. Нивните ЦД-изданија се познати по нивниот дизајн во стил на грамофонска плоча.
Фирмата е основана во 1898 од германецот (државјанин на САД) Емил Берлинер како германска бранша на неговата фирма Берлинер Грамофон во градот Хановер.
Во 1941 Дојче Грамофон бил купен од фирмата Сименс & Халске.
Во 1945, како дел од условите на Германија по ВСВ, Дојче Грамофон се откажал од правата за заштниот знак His Master's Voice и истите им припаднале на ЕМИ. Кучето и грамофонот биле заменети со „круна од лалиња“, дизајнирана од Сименсоовиот маркетинг консултант Ханс Домицлаф.
Во 1962 Сименс влегол во заеднички влог со холандската фирма Филипс за создавање на DGG/PPI Record Group, која во себе ја соджела марката ПолиГрам.
Дојче Грамофон ја поседувале првата музичка куќа на Битлсите, Полидор Рекордс.
Дојче Грамофон биле први во воведувањето на компактниот диск на пазарот, започнувајќи со продажбата на класична музика од Херберт фон Карајан и Берлинската Филхармонија во 1981, со тоа што правата плоча била дело од Рихард Штраус.
Во 1987 Сименс го продал својот дел од Дојче Грамофон and на Филипс, кој станал главен и најголем акционер. Во 1998 Сеаграм Компани Лтд од Канада ги купил Дојче Грамофон и Полиграм. Оттогаш, па наваму Дојче Грамофон е составен дел од Јуниврзал Мјузик Груп, кој е дел од Вивенди Јуниверзал.
[уреди] Видете исто така
- Музички куќи
[уреди] Надворешни врски
- Официјален веб-сајт (англиски)