Дијамант
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дијамант е алотропска модификација на јаглерод. Тоа е најтврдиот минерал во природата.
Затоа се користи за сечење, брусење и полирање на други помеки материјали.
На "Мосовата" скала исто така зазема највисоко место со тврдост број 10.
Јаглероднит атоми во дијамантот заземаат тетраедарска структура.
Со сечење и полирање на дијамантот се добива брилијант кој се користи како украс. Полирањето се изведува со дијамантска прашина.
Бидејќи се знае дека настанува во атмосфера со висок притисок и температура, денес е усовршено производството на вештачки дијаманати кои се користат само во индустријата. Постапката се изведува во челични контејнери со експлозија. Русија има развиено технологија да произведуваат дијаманти со различна боја. Индустриските дијаманти не се така крупни како некои дијаманти кои може да се најдат во природата.
Се копаат во рудници и најголеми светски производители на дијаманти се Русија, ЈАР ...
Мера за тежина на дијамант е Карат. Едан Карат = 0,2 грама.