Дипломат
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дипломат е официјален државен служител, кој располага со неопходните права и овластувања, кој користи општо-прифатени олеснувања, имунитет и привилегии да ја извршува дипломатската дејност за реализација на надворешната политика и реализација на односите со други држави.
Содржина |
[уреди] Дипломатите во литературата
Во литературата дипломатот обично се представува како умен, искусен, потаен човек. Тој е воспитан, комуникативен, со пријатен изглед и секогаш го следи успех. Од повеќето определувања и оценки за дипломатот има пофални и сатирични, добронамерни и иронични, сериозни и наивни. Во Древна Кина дипломатите биле највнимателно избирани - секогаш биле од аристократско потекло, благородни мажи натоварени со одговорност и доверба. Во Древна Грција се тврдело дека искусниот дипломат вреди повеќе од искусниот генерал. Додека Оскар Вајлд сметал дека дипломатите се од корист само да ги снабдуваат своите пријатели со подобар тутун.
[уреди] Должност
Секојдневната работа на дипломатот се состои од проучување, анализа и давање предлози за ефективно спроведување на наворешната политика. Затоа, дипломатската дејност се дава на луѓе кои ја имаат довербата на државните органи. Дипломатите треба да се личности безусловно предани на својата држава, треба да имаат широки, задлабочени и многустрани теориски и практични знаења, специфични квалитети, интелегенција, добри манири и познавање на повеќе јазици. Должноста на дипломатите обично се совпаѓа со нивниот ранг. Затоа е добро да се разграничат два поими кои често се мешаат - дипломатски клас и дипломатски ранг.
[уреди] Дипломатски клас
Класот на дипломатот ја одразува неговата службена положба во дипломатското претставителство. Тој се определува од нормите на меѓународното право како и од нивото на воспоставените дипломатски односи меѓу државите.
[уреди] Дипломатски ранг
Дипломатскиот ранг е личен ранг на дипломатот и му се дава во сооднос со законите на секоја држава. Општо прифатени се следниве 5 ранга (почнувајќи од најнискиот):
- посланик
- полномошен министер
- советник
- секретар
- аташе
[уреди] Македонски ДИПЛОМАТИ
Срѓан Керим,Амбасадор на РМ во Германија 1996-2000, Амбасадор на РМ во ООН 2001-2003
Филип Петровски, Генерален Конзул на РМ во САД 2001-2003