Грам на мол
Од Википедија, слободна енциклопедија
Грам на мол (или грам-мол) претставува тежинско количество на една супстанција во грамови, еднакво на нејзината молекулска тежина. Покрај овој поим, во хемијата често се користи и грам на атом (или грам-атом), кој е тежинско количество во грамови еднакво на неговата атомска тежина.
Така, грам-атомот на водородот изнесува 1,008 g, на кислородот 15,9994 g, на азотот 14,0067 g итн.
Грам-молот на било кој хемиски елемент содржи еднаков број молекули. Тој број има вредност 6,02х1023, односно 602,300 квантилиони. Овој број е познат и како Авогадров.
Познавајќи го бројот на молекулите во еден грам-мол од некоја супстанција, може да се пресмета апсолутната тежина на молекулот. На пример, апсолутната тежина на молекулот од кислород е:
На ист начин како што се определува апсолутната тежина на кислородот, може да се определи и апсолутната тежина на атомот од кислород:
Еден литар од кислородот при стандардни услови тежи 1,429 g, а грам-молот изнесува 32 g. Волуменот што ќе го зафаќа еден грам-мол на кислород при тие услови ќе изнесува:
Во горниот израз, 22,4 е моларниот волумен на кислородот. При исти услови, еден грам-мол на другите гасови има ист моларен волумен. Експериментално е утврдено дека вредноста на моларниот волумен изнесува 22,4136 l. Оттука доаѓа дефиницијата дека грам-молот на идеалниот гас при стандардни услови има моларен волумен од 22,41 l.
Кај реалните гасови вредностите за моларниот волумен покажуваат некои отстапувања. Еве некои од тие вредности: