Блумфонтејн
Од Википедија, слободна енциклопедија
Блумфонтејн (Bloemfontein) е еден од трите главни градови на Јужноафриканската Република, заедно со Преторија и Кејптаун. Името на овој град произлегува од истоимениот холандски збор кој значи "фонтана од цвеќиња". Блумфонтејн служи како судски главен град, како и седиште на Слободната Државна Провинција. Името на градот на јазикот сесото е Mangaung, што значи "местото каде што живеат читасите". Џ. Р. Р. Толкин е роден во Блумфонтејн на 3 јануари, 1892 година.
Содржина |
[уреди] Локација
Градот се наоѓа на сув предел, со надморска височина од 1,395 m. Блумфонтејн е дом на 369,568 жители, додека локалната општина Мангаунг има 645,455 жители. Блумфонтејн има и свој аеродром. Во 1890 година беше изградена железница која го поврзува овој град со Кејптаун.
[уреди] Историја
Во 1899, градот бил местото каде се одвивала блумфонтејнската конференција, која не успеа да ја спречи Англо-Бурската војна.
На 13 март, 1900 година, за време на Англо-Бурската војна, британските сили го освоиле градот и изградиле концентрационен логор кадешто ги чувале бурските жени и деца. На 45,000 жени и деца (вклучувајќи и 17,000 црнци) кои умреле во овие логори им е оддадена почит од народниот женски меморијал.
Јужноафриканскиот народен конгрес (АНК - сегашната владеачка партија) бил основан за да ги брани правата на црнечкото мнозинство на 8 јануари, 1912 во Блумфонтејн, а ги вбројувал и Џон Дјуб (првиот претседател на конгресот) и поетот и автор Зол Плаатје меѓу неговите први членови.
[уреди] Клима
Блумфонтејн се наоѓа во централна ЈАР, на јужниот раб на Хајвелд, на возвишение од 1400 m. Градот граничи со полусувиот регион Кару. Областа е главно рамнина со неколку ридчиња, а општата вегетација е претставена со хајвелдска трева. Како резултат на високото возвишение и оддалеченоста од морето, Блумфонтејн има континентална клима со жешки летни денови (Јан.: max:31ºC min:15ºC) и попладневни грмежи и студ, суви зими, а често и мраз (Јули: max:17ºC min:-2ºC).
[уреди] Родно место на
-Џ.Р.Р. Толкин-британски писател