Бил Хикс
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бил Хикс | |
---|---|
Бил Хикс со неговата заштитна цигара
|
|
Роден | 16 декември, 1961 Валдоста, Џорџија, САД |
Починал | 26 февруари, 1994 Литл Рок, Арканзас, САД |
Вилијам Мелвин Хикс, познат како Бил Хикс (16 декември, 1961 – 26 февруари, 1994), е контроверзен и влијателен американски комичар и сатиричар. Негови најпознати албуми се Arizona Bay (1997) и Rant in E-Minor (1997), и двата објавени постхумно. Како и Лени Брус пред него, Хикс со својот конфронтирачки жив настап ги предизвикува формалните и неформалните видови на цензура и сугерира неповрзаност меѓу вредностите и дејствата на модерните општества, особено во САД, земја за која тој зборува со тон што варира од цинизам до остра критика. Хикс ги карактеризира своите настапи како „Чомски со валкани вицови“. Во текот на неговата кариера, Хикс остварува 11 настапи на Late Night with David Letterman, со тоа што неговиот 12-ти настап е исечен заради дел од неговите коментари. Хикс често го споредуваат со Лени Брус, Сем Кинисон, Ричард Прајор и Вуди Ален на кој Хикс потсетува во раните години. Хикс настапува низ САД и подоцна, Велика Британија, од 1978 до неговата смрт од рак на панкреас во 1994. Албумот Aenima (1996) на американскиот прог метал бенд Tool е посветен на Бил Хикс.