Бизмарк (Северна Дакота)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бизмарк (на англиски: Bismarck) е главен град на Северна Дакота, држава во Соединетите Американски Држави. Именуван е по германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. По пописот во 2000 година, тој има население од 55,532 лица, и е втор по големина град во Северна Дакота. Тој е окружен центар на округот Барли, и лежи на реката Мисури.
Локален весник е Бизмарк Трибјун (Bismarck Tribune). Бизмарк има меѓународен аеродром и две болници. Бизмарк е седиште и на државниот затвор на Северна Дакота.
Бизмарк е важен трговски центар за пченица и добиток.
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |