Бафинова Земја
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бафинова Земја или Бафинов Остров е еден од арктичките острови од Арктичкиот Архипелаг во северна Канада и припаѓа на сојузната територија Нунавут. Со површина од 507,451 km2, тој е најголемиот канадски остров и петти по големина во светот, но поради ладната клима има население од околу 11,000 жители, воглавно Инуити. Островот е крстен по името на британскиот истражувач Вилијам Бафин, а некогаш Нордијците го викале Хелуланд.
Најголемото населено место на островот е главниот град на Нунавут - Иквалуит, кој е сместен на неговиот јужен брег, кај Фробишеровиот Залив. Според пописот од 2001 година, ова гратче имало 5,236 жители. Други поголеми населени места се Пангниртунг со 1,243 жители, Понд Инлет со 1,220 жители, Клајд Ривер, Арктик Беј итн.
Јужно од островот се наоѓа Хадсоновиот Премин и копното на сојузната провинција Квебек. На исток е Бафиновиот залив и Девисовиот Премин позади кои е лоциран Гренланд, а на запад и север е Фоксовиот Залив, заливот Бутија и Ланкастеровиот Залив, кои ја делат Бафинова Земја од останатиот дел од архипелагот.
На Бафинова Земја е честа појавата на поларен ден (во лето) или поларна ноќ (во зима). Од животните, најзастапени се арктичките ѕверови и белите китови.